Нишикори освои сет, но Ѓоковиќќе ја брани титулата во Лондон

15.11.2014 18:29

Решавачкиот момент беше на стартот од третиот сет, кога Нишикори не искористи две брејк топки...

Новак Ѓоковиќ се пласира во финалето на Мастерс серијата турнири, откако во првото полуфинале го совлада Кеи Нишикори со 2 : 1 во сетови. Мечот изобилуваше со пресврти, па првиот сет србинот го доби со 6 : 1 за 23 минути игра. Го одзеде сервисот на противникот на стартот на вториот, но тогаш јапонецот се разгоропади и најпрвин врати со “рибрејк“ што беше вовед во освојување на вториот сет со  6 : 3.

Решавачкиот момент беше на стартот од третиот сет, кога Нишикори не искористи две брејк топки, па колата тргна низбрдо за него. Влегуваше од грешка во грешка што го врати во ритам ривалот, кој го доби сетот експресно со 6 : 0 за пласман во финалето, во кое ќе го брани трофејот против победникот од швајцарската пресметка меѓу Федерер и Вавринка, со пренос на Собранискиот сервис од 21 часот.