Вечер извлекување за наградната игра за фискални сметки

30.12.2013 12:48

Вечер се извлекува станот од наградната игра ,,Фискална в рака-награда без мака “ во 20 часот на првата програма на Македонската Телевизија.

Вечер се извлекува станот од наградната игра ,,Фискална в рака-награда без мака “ во 20 часот на првата програма на Македонската Телевизија.

Повеќе од  800 илјади коверти пристигнаа на адресата на Државната лотарија на Македонија за наградната игра ,,Фискална в рака-награда без мака“. Станот  што се доделува  во извлекувањето  од првото коло на наградната игра  се наога во општината Аеродром ,а  ќе бидат извлечени и среќните добитници на Пежото 208 и дуќан.Граѓаните  иако сонуваат за стан или дуќан, велат задоволни ќе бидат и со ваучер .Се испраќаат  и по десет  коверти одеднаш. Наградната игра  ја подобри фискалната дисциплина .