Тенис

Ѓоковиќ-Федерер за крај

16.11.2014 16:12

Обајцата потешко од очекувањата минаа низ полуфиналните предизвици губејќи по 1 сет во дуелите со Нишикори,односно Вавринка...

Завршница на тениската сезона каква што може да се посака. Завршниот мастерс односно финалето на АТП турнејата во Лондон носи уште една се надеваме величенствена пресметка меѓу најдобрите во светот.37-миот дуел  меѓу светкиот рекет број 1 Новак Ѓоковиќ и најуспешниот во историјата Роџер Федерер ќе стартува во 19 часот во О2 арената во Лондон и со пренос на собранискиот сервис на МРТ.

Обајцата потешко од очекувањата минаа низ полуфиналните предизвици губејќи по 1 сет во дуелите со Нишикори,односно Вавринка. Во меѓусебните Федерер води со 19-17 во победи,а во последните 6 соочувања наизменично им се радуваа на триумфите.

Последниот му припадна на Федерер во полуфиналето во Шангај,ако се следи традицијата редот е на Ѓоковиќ кој е во обид трипати едноподруго да го освои Лондон, додека Федерер да постави нов рекорд со 7 триумфи на последниот турнир во сезоната.