Поскапуваат бензините , дизелот со иста цена

30.12.2013 14:03

Поскапуваат бензините за половина денар . Од полноќ , Еуросуперот  95  ќе се продава за 78 , 5  денари за литар , а Еуросуперот 98  за 80 денари . Дизелот останува иста цена , се точи за 70 денари за литар. Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство се намалува за половина денар . Ќе се продава за 58,50 денари , а мазутот за 40,208 денари за килограм.

Поскапуваат бензините за половина денар . Од полноќ , Еуросуперот  95  ќе се продава за 78 , 5  денари за литар , а Еуросуперот 98  за 80 денари . Дизелот останува иста цена , се точи за 70 денари за литар. Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство се намалува за половина денар . Ќе се продава за 58,50 денари , а мазутот за 40,208 денари за килограм. Со одлуката на Регулаторната комисија за енергетика се врши намалување на рафинериските и малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,4 проценти , односно 0,2  во однос на рафинеринериските утврдени пред две недели .Просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар изминатите 14 дена изнесуваше 111,069 долари за барел , повисока за 0,2 проценти .