Пред Нова година

Економски очекувања за 2014-та

30.12.2013 14:49

Стопанството очекува многу поуспешна 2014-та година. Кризата во Европа завршува, се зголемуваат нарачките од бизнис - партнерите. Реалниот сектор влегува во нови инвестиции, ќе апсорбира повеќе работници.

Ќе земеме нови кредити, нема да застанеме, ќе влеземе во нови инвестиции. Половина од наредната година веќе ни е покриена со нарачки, па порелаксирано ќе ја работиме и ќе ја завршиме идната година”, изјави Аце Антевски, бизнисмен

Банкарите во 2014-та ќе го одврзат ќесето и ќе ги поддржат квалитетните проекти. За в година очекуваат фискалната и монетарната политика да продолжат да го бранат фиксниот курс на денарот.

Тоа ќе ги тера банкарскиот и реалниот сектор да бидат поконкурентни, повитални, со цел да ја одржат конкурентската предност кон странство”, изјави Глигор Бишев, банкар

Ќе се промени перцепцијата кај банките за ризиците коишто беа доста високи во претходните две години, и оттука очекуваме да имаме поголема кредитна активност”, изјави Димитар Богов, гувернер на НБРМ

Помирна година очекуваат и економистите. Растот на БДП би се движел од 3,2 процента како попесимистичко сценарио до пооптомистичкото од 3,7 насто, и тој би се темелел на повеќе сектори.

Полека ја надминуваме кризата и влегуваме во една помирна фаза, без нови шоковни движења во западноевропската економија”, изјави Томе Неновски, универзитетски професор

Значителен оптимизам кај компаниите внесуваат и зголемените капитални инвестиции за наредната година.

Тие во Буџетот за наредната година се предвидени да изнесуваат 365 милиони евра, што е 11 проценти повеќе од годинава. Во 2014-та ќе има повисока реализација на капиталните проекти, бидејќи се работи за зрели проекти, за кои е завршена фазата на подготовка и треба да се почне со изградба”, изјави Зоран Ставрески, вицепремиер и министер за финансии

Очекувањата за наредната година се дека ќе пораснат извозот и индустриското производство, ќе се зголеми нивото на странски инвестиции, имајќи предвид дека надлежните најавуваат влез на десетина нови компании, но и дека ќе продолжи трендот на намалување на се уште високата стапка на невработеност.

Новинар: Мартин Пушевски