Тенис

Надал се враќа на Нова година

19.11.2014 10:31

Во плановите на 28 годишниот шпански тениски великан е учеството на егзибициски меч во Абу Даби на 1 јануари...

Добра вест за  фановите на Рафаел Надал!Светскиот тенисер број 3 на почетокот на 2015 година се враќа во натпреварувачкиот погон.Надал, кој од здравствени причини отсуствуваше од светското тениско финале во Лондон, го најавува своето учество на првиот грен-слем во наредната година, на Отвореното првенство на Австралија. Лекарскиот тим на Надал е задоволен од закрепнувањето по операцијата на слепото црево, како и текот на  санирањето на повредите на коленото, зглобот и болките во грбот.

„Ќе имам еден месец за подготовка за Австралија опен. Се надевам дека со работа ќе го достигнам потребното рамниште и ќе се вратам силен и полн со самодоверба“-изјави Надал.

Во плановите на 28 годишниот шпански тениски великан е учеството на егзибициски меч во Абу Даби на 1 јануари.Можно е да ја брани и титулата на турнирот во Доха, пред стартот во Мелбурн на 19-ти јануари, кога ќе влезе  во лов на својата 15-та грен-слем титула.