Потписот е само формалност

25.11.2014 14:07

„Јас сум возач,а не бизнисмен“-вели Хамилтон кој не најавува поголеми промени во годишната плата која сега е околу 20 милиони евра...

По изјавата на шефот на шампионскиот тим на Мецедес Тото Волф, дека освоените титули во конкуренција на возачи и конструктори е само почеток на една нова ера мислејќи протиоа и на долгорочната соработка со новиот светски шампион Луис Хамилтон, се огласи и британецот. Потврдува дека потписот на долгорочниот, најверојатно 5 годишен  договор со Мерцердес е само формалност бидејќи нема намера да бара промена на условите во споредба со актуелниот. „Јас сум возач,а не бизнисмен“-вели Хамилтон кој не најавува поголеми промени во годишната плата која сега е околу 20 милиони евра.

Истовремено почнаа и најавените промени во тимот на Ферари. На местото на досегашниот  директор Марко Матијачи доаѓа потпретседателот на компанијата Филип Морис ,Маурицио Аривабене.

Според првичните информации се очекува во Ферари да бидат ангажирани најмалку 60-тина нови лица во обид за враќање на екипата на патеките на успехот откако во минатата сезона ниту еднаш не победија во шампионатот.