Победнички почеток во Киш

25.11.2014 14:08

Во првото коло во конкуренција на двојки, во тандем со Дује Кекез од Хрватска, нашиот најдобар тенисер беше поуспешен од германскиот двоец Јонас Луетјен и Тимон Рејхелт со 6-2 и 6-4...

Томислав Јотовски со победа го почна турнирот во иранскиот град Киш. Во првото коло во конкуренција на двојки, во тандем со Дује Кекез од Хрватска, нашиот најдобар тенисер беше поуспешен од германскиот двоец Јонас Луетјен и Тимон Рејхелт со 6-2 и 6-4.

Првиот предизвик во поединечна конкуренција Јотовски ќе го има утре против францускиот натпреварувач Ракотомалала Мандреси.