Официјални резултати од Фестивалот на забавни мелодии „Скопје 2014“

12.11.2014 15:49
 

 

Даниел Кајмакоски со композицијата „Лисја есенски“ ќе ја претставува Македонија на 60-тото јубилејно издание на Изборот за песна на  Евровизија 2015– та, во Виена, Австрија. Вака одлучија гледачите преку телевоутинг и членовите на меѓународно стручно жири од седум Европски радио- дифузни сервиси, во однос 50:50 проценти, според Евровизискиот принцип на одредување на победникот.

 

Во годината на своите значајни јубилеи, 70 години на Македонското Радио и 50 години на Македонската Телевизија, на сцената на „Метрополис“ арената во Скопје, се одржа Фестивалот на забавни мелодии – Скопје 2014. Дваесет македонски музички ѕвезди настапија во придружба на големиот Ревиски оркестар на МРТ, а според официјалните резултати, тројцата првопласирани изведувачи се:

 

1. Даниел Кајмакоски- „Лисја есенски“ (Музика: Јоаким Персон; Текст: Александар Митевски, Даниел Кајмакоски; Аранжман: Бобан Апостолов, Александар Митевски, Далибор Грубачевиќ)

 

2. Тамара Тодевска- „Брод што тоне“ (Музика/ Текст/ Аранжман: Роберт Билбилов)

 

3. Евгенија Чанчалова- Еги- „Да не те сакам“ (Музика: Глигор Копров; Текст: Јелена Булинац; Аранжман: Владимир Дојчиновски)

 

Им следуваат вредни парични награди: 20 илјади евра во денарска противвредност за првопласираната, 10 илјади за второпласираната и 5 илјади евра во денарска противвредност за трето пласираниот инерпретатор и композиција.

 

ПРАВИЛА ЗА ГЛАСАЊЕ И РАБОТА НА ИНТЕРНАЦИОНАЛНОТО ЖИРИ НА ФЕСТИВАЛОТ СКОПЈЕ 2014 – ИЗБОР ЗА ПЕСНА НА ЕВРОВИЗИЈА 2015 (извадок од Правилникот за реализација на фестивалот Скопје 2014)

 

1. МРТ одлучи да одбере 7 земји коишто ќе ги дадат своите гласови на Фестивалот СКОПЈЕ 2014, кој ќе се одржи на 12 ноември 2014. Нивните гласови, во комбинација со телевоутинг и во сооднос 50%-50%, ќе го одлучат конечниот пласман на сите композиции, а првопласираната воедно ќе биде и претставник на Македонија на претстојниот Избор за Песна на Евровизија, кој ќе се одржи во мај 2015, во Виена.

 

2. Пет музички експерти од секоја земја ќе бидат селектирани од страна на националниот сервис на избраната земја. Секој од нив би можел да биде професионален изведувач, композитор, музички продуцент, радио диџеј, или професионален музички новинар, мешавина од машки и женски членови, кои го познаваат вкусот на популарната музика во својата земја. 

 

3. Сите  членови од националните жирија навремено ќе ги добијат аудио снимките од сите 20 композиции  за интерно преслушување, а своите гласови ќе ги депонираат  врз основ на  генералната проба којашто ќе се одржи на 11- ти ноември и која ќе изгледа исто како и директниот пренос на 12-ти ноември. Секој член од националното жири ќе добие комплетни видео фајлови од изведбите најдоцна до 10:00 часот на 12-ти ноември, а својата конечна одлука и поените, треба да ги депонира најдоцна до 15:00 часот на 12-ти ноември. 

 

4. Секој член од националните жирија ќе ги оценува сите композиции според Евровизискиот модел: 1 поен за композицијата - прворангирана која што најмногу му се допаѓа, 2 поени за втората најдобра, 3,4....се до 20 поени за композицијата којашто најмалку му се допаѓа.

 

5. Сите гласови ЗБИРНО СОБРАНИ од петтчленото стручно национално жири се претвораат во конечни поени дадени од посочената земја, и тоа: 12 поени (најмногу поени) добива композицијата којашто има најмалку собрани поени (од 1 – 20) од страна на петтчленото национално жири, 10 поени за второпласираната, 8 поени за третопласираната, потоа 7,6,5,4,3,2 и 1 поен за композицијата кој што обезбедува поени од мислењето на националното жири. Во случај на подеднаков број  вкупни поени за две или повеќе композиции, ќе има предност оценката на најмладиот член од националното жири на земјата којашто ја претставува во жирирањето.

 

Истиот модел се пресликува за секоја земја одбрана за учество во националното жири на Фестивалот СКОПЈЕ 2014 – избор за песна на Евровизија.

 

МРТ има обврска јавно да ги соопшти имињата и куси биографии на сите членови од секоја од земјите кои ќе учествуваат во гласањето, како и јавно соопштување на конечниот пласман на композициите според мислењето на стручното жири на посочената земја. На пр. „Го поканивме Националниот сервис на ________, да партципира во жирирањето на нашиот фестивал. Одговорните од таму ги селектираа : композиторот _______ + кусо CV, музичкиот продуцент ________+ кусо CV, музичкиот новинар ________+ кусо CV, познатата пејачка_______+ кусо CV и уредникот на забавната редакција________+ кусо CV, да бидат во состав на националното жири на _______ и еве го нивното заедничко мислење: 12 поени добива композицијата_________, 10 поени________,8 поени______,7,6,5,4,3,2, и 1 поен за композицијата ________. Втора земја којашто ја прифати нашата покана е _______... (следува истата процедура за секоја држава одделно).

 

6. Секој член од меѓународното стручно жири ќе потпише изјава, со којашто ќе потврди дека нема било каква поврзаност, со било кој интерпретатор или член на авторски тим. Истовремено, ќе потврди дека сите информации поврзани со Скопскиот фестивал и резултатите од гласањето ќе бидат држани во тајност, се до почетокот на директниот пренос од фестивалот.

 

7. Сите 7 земји коишто преку националните сервиси партиципираат во оваа процедура на жирирање, заедно ќе ги оформат 50-те проценти од вкупните гласови на фестивалот, односно гласовите од сите седум земји ќе се преточат во  конечните заеднички поени на стручното жири (12 поени за првопласираната, 10,8....1 од сручното меѓународно жири). Во случај на подеднаков број на поени за две или повеќе песни од страна на меѓународното жири се земаат предви оценките на најмладите членови од сите седум земји.

 

8. Другите 50 % ќе се добијат по пат на телевоутинг во текот на директниот ТВ и радио пренос на 12-ти ноември со почеток од 20:30 часот, коишто исто така се претвораат во евровизиски поени , и тоа – песната со најмногу остварени СМС пораки добива 12, второпласираната 10, третопласираната 8 и така се до 1 поен.

 

9. Во случај на подеднаков број на вкупни поени за две композиции добиени од стручното жири и од телевоутингот , за победник, или повисоко рангиран ќе се земаат предвид оценките на меѓународното стручно жири.

 

 

ИНТЕРНАЦИОНАЛНО ЖИРИ ЗА ФЕСТИВАЛОТ СКОПЈЕ 2014:

 

 

БУГАРИЈА:

·        Ангел Заберски - композитор

·        Јоана Драгнева - пејачка

·        Красимир Куртев - музичар

·        Милка Митева- директор на Националното музичко училиште "Лщбомир Пипков"

·        Роберта Ганова - пејачка

 

ХОЛАНДИЈА:

·        Корналд Мас - Евровизиски експерт, коментатор за Евровизија

·        Даниел Декер- одговорен уредник во националното радио Авротрос

·        Емили Зикингх- шеф на Холандската Евровизиска Делегација од 2009-та година

·        Јуст Штрутман- уредник и продуцент во националното радио Авротрос

·        Ребека Вант Велт- 09.08.1981 -шеф на прес на Холандија за Евровизија

 

ХРВАТСКА:

·        Александар Костадинов- шеф на Хрватската Евровизиска делегација

·        Иван Хорват - член на Хрватскиот еровизиски фан клуб

·        Тихомир Прерадовиќ – композитор, продуцент

·        Жељен Клаштерка- уредник во музичката редакција на ХТВ, продуцент, композитор

·        Жељко Месар – шеф на секторот за музичка програма на ХТВ

 

РОМАНИЈА:

·        Алекс Ревенко- новинар во весникот Jurnalul National

·        Александру Николета- пејачка, претставник на Романија за Евровизија 2003

·        Андреј Тудор- композитор, професор на Националниот Универзитет за музика во Букурешт

·        Боби Стоица Волтарт - композитор, член на Романското национално жири за Евровизија

·        Санда Чепрага - музиколог, инженер на звук

 

ТУРЦИЈА:

·        Туѓберк Еврен - директор на Музичкиот сектор на ТРТ

·        Елиф Ѓукалп - директор на Радио Анкара, Музички сектор

·        Ерхан Конук - музички продуцент  

·        Бахар Дингил - директор на продукција и директни преноси во ТРТ 

·        Кенан Уздемир - Полифонски хор, Радио Анкара 

 

АВСТРИЈА:

·        Надин Бајлер- пејачка, претставник за Австрија на Евровизија 2011

·        Александер Кар - музички продуцент

·        Ралф Штробл - вровизиски експерт, член на Австриското национално жири за Евровизија, музички консултант

·        Томас Рабитш - композитор, музички продуцент, пијанист

·        Дороте Бадент - музички продуцент на победничката евровизиската композиција „Rise like a Phoenix“ на Кончита Вурст

 

АЗЕРБЕЈЏАН:

·        Азис Алиев 

·        Јалчин Вердијев

·        Сабухи Мамадов

·        Азад Ибрахимов

·        Фуад Мусазаде

 

 

ЦЕЛОСНИ РЕЗУЛТАТИ ОД ГЛАСАЊЕТО: