Робин Вилијамс најпребарувана ѕвзда на интернет во 2014

28.11.2014 11:21

На листата веднаш по јунакот на „Друштвото на мртвите поети“, следува Џенифер Лоренс, ѕвездат „Игри на гладта“, чии интимни фотографии минатово лето се појавија на социјалните мрежи...

Неодамна починатиот актер Робин Вилијамс е најпребаруваната ѕвезда на интернет во 2014 година, објави списанието „Холивуд Рипорт“, кое објави листа на десетте најпребарувани познати личности на интернет.
 
На листата веднаш по јунакот на „Друштвото на мртвите поети“, следува Џенифер Лоренс, ѕвездат „Игри на гладта“, чии интимни фотографии минатово лето се појавија на социјалните мрежи.
 
Третото место го зазема раперот Џеј Зи, чија снимка од неговата тепачка со Соланж Ноулус, сестра на неговата сопруга Бијонсе, во еден лифт во Њујорк, го обиколи светот.
 
На четврта позиција е Ким Кардашијан, која беше присутна на сите социјални мрежи и пред објавувањето на фотографијата од нејзниот гол задник во списанието „Пејпер“. 
 
Петта е Џоан Риверс, водителка на емисијата „Фешн Полис“, која почина на 4 септември во една клиника во Њујорк.
 
Шести на листата на најпребарувани ѕвезди е американскиот фудбалер Реј Рајс, кој беше суспендиран откако ја претепа неговата девојка.
 
Потоа следат актерката Анџелина Џоли, која е и амбасадорка на ОН, Рене Зелвигер, чија физичка трансформација ги остави фановите без коментар, војводката Кејт Мидлтон, која го чека второто „кралско бебе“ и бејзбол играчот на „Јенките“, Дерек Џетер кој оваа година се пензионираше.
 
Листата е составена, врз основа на пребарувања на околу сто милиони интернет корисници од целиот свет, во периодот од 1 јануари до 15 ноември годинава.
 
Тоа објаснува и зошто комичарот Бил Козби, ѕвездата не некогаш многу поуларната ТВ серија „Козби Шоу“, кој од почетокот на месецот е во центарот на сексуални скандали, не се најде на оваа листа.