Расказот на Томислав Османли преведен на англиски и јазикот на Евреите Сефарди

01.01.2014 14:50

Глобалниот портал www.sefarad.com објави расказ од македонскиот автор Томислав Османли. Може да се прочита на англиски и на „ладино“ - јазикот на Евреите Сефарди, а го преведе белгијанката Шапоре Бланко.
На својата тројазична страница на француски, англиски и на ладино дистрибуирана меѓу претплатниците од целиот свет, порталот наменет за афирмација на сефардската култура посебно го истакна прилогот на Османли.

Османли е еден од ретките македонски автори чија проза два пати се преведува на ладино со чии судбини се занимава и книгата.
Двете објави авторот ги посветува на својата неодмана почината сопруга Снежана Османли.