Во општина Петровец нова трафостаница

01.01.2014 15:07

Новата 110 киловолтна разводна постројка во општина Петровец директно е поврзана со националниот електроенергетски систем.Според генералниот директор Спасов,МЕПСО во континуитет вложува во одржувањето,надградбата и во модернизацијата на преносната мрежа.

,,Вложивме над милион евра во примарна и секундарна опрема и елементи.Изградивме и ставивме во функција енергетска инвестиција која регионално гледано е многу важна, потенцира генералниот директор на МЕПСО Синиша Спасов.

,,Оваа трафостаница исто така ќе ја опслужува и новата индустриска зона којашто е во завршна фаза од Ржаничино до Катланово, во должина од 4000 метри,со површина од 88 хектари,, рече градоначалникот на Петровец Петре Митевски.

Честитајќи ја Новата година и претстојните божикни празници, премиерот Груевски потенцира дека Владата продолжува со реализацијата на проектите во интерес на граѓаните.Во наредниот период во електроенергетскиот систем се предвидени инвестиции од над 65 милиони евра.

,,Да продолжиме со изградба на нови капацитети,подобрување на енергетската ефикасност,подобра поврзаност со мрежите на соседните земји,подобрување на системот за пренос на електрична енергија до граѓаните и стопанството,и целосно јакнење на македонскиот енергетски систем,,потенцира премиерот Никола Груевски.

Трафостаницата е изградена и опремена за рекордни 6 месеци.Инвестицијата чини над милион евра.

,,Со овој проект,велат од МЕПСО,значително ќе се подобри стабилноста во снабдувањето со електрична енергија за 4 општини во скопскиот регион,,.

Милчо Велески