НБА лига

18-та победа за Атланта и за Антиќ

01.01.2014 18:05

И во преминот од 2013-та во 2014-та, НБА ноќта имаше македонски шмек. Атланта ја оствари 18-тата победа и тоа на гости кај Бостон. Во триумфот од 92:91 Перо Антиќ учествуваше со 22 минути и со по пет поени и скока. Атланта мораше да стигнува негатива и од 18 пони, а еден од  важните кошеви во пресвртот беше тројката на Антиќ за минус четири во последниот период.

Лејкерс продолжија да губат и во новата година. Шестиот пораз по ред е дома од Милвоки, 94:79. Во идентична серија, но од победи е Голден Стејт којшто триумфираше во Орландо со 94:81. Сан  Антонио немаше проблеми против Бруклин, 113:92, исто како и Индијана во дуелот со Кливленд, 91:76. Портланд ја изненади Оклахома со гостинската победа од 98:94 иако на почетокот на завршната четвртина губеше и со 11 поени. Неочекуван е и поразот на Хјустон дома од Сакраменто со 110:106. На гостински паркет успешен беше и Торонто, 85:79 против Чикаго.