Почнува ТОП 16 фазата

02.01.2014 11:57

Најдобрите 16 екипи во кошаркарската Евролига денеска ќе го отворат вториот групен сегмент во елитната клупска конкуренција. Во него сите ривали ќе влезат од почетна позиција, што значи дека не се бројат досегашните резултати.

Планирани се пет натпревари, ниту еден од нив не важи за класично дерби, но сите би требало да понудат доволна возбуда за вистинска најава на новата календарска година. Во групата „Е“  Барселона е фаворит против Анадолу Ефес, Уникаха ќе ја пречека Лаборал, а Панатинаикос ќе се обиде да го искористи својот паркет против Армани.

Во групата „Ге“ Партизан ќе го пречека тимот којшто досега беше најдоминантен - Реал Мадрид, а Галатасарај ќе излезе на мегдан против Макаби Тел Авив.