Плени Виена и филхармонискиот џет-сет

02.01.2014 12:26

И до 10 илјади евра плаќаат богаташите за билет повеќе за новогодишниот концерт на Виенската филхармонија. Најпрестижниот музички состав во светот со векови наназад покажува дека во темпото на уникатниот Радецки марш може да ракоплескаат малкумина. Билетите за следната декада се распродадени, поголемиот дел од гостите се фиксни речиси секоја година, но за шаренолика публика, управата на концертот секоја година преку лотарија избира стотина слушатели кои во зависност од местото на седење билетите ги плаќаат од 30 до 940 фунти.

Во престолнината на класичната музика не е лесно да се успее, посебно ако си од Македонија. Но, Фросина Богдановска, веќе две години живее овде и е прва виолина во оркестарот на австриското радио, а работи и во еминентниот симфониски оркестар, еден од двата со предзнак од А категорија.

-Убавината на Виена е тоа што постојано има аудиции, постојано следам што се случува, затоа што луѓето ротираат од еден оркестар во друг и постојано има потреба од музичари, изјави за Македонската Телевизија,  виолинистката Фросина Богдановска.

Во градот кој има милион и седумстотини  илјади жители, половината се музичарите дојдени од сите страни на светот да си пробаат среќата. Ако овде успеат, успеале секаде.

Живеењето во Виена скапо чини, големи се трошоците за живот, но овдешните музичари одлично заработуваат. Некои дури и по 7000 евра за еден месец.

Колку е тешко да се стане дел од виенскиот џет сет, најдобро знае македонскиот угостител Аки Нуредини, сопственик на најелитниот ресторан Соло во Виена и пријател на Пласидо Доминго. Нуредини е првиот бизнисмен кој приватно ја изнајми виенската опера и ја наполни со светски музичари.

-Успеав да направам еден голем концерт, беше распродадена Виенската опера. Ја зедов под кирија. Дојдоа 15-те најдобри светски оперски пејачи. Тоа беше хумантитарен концерт, за болните деца од Мексико. Беше многу успешен, собравме сума од 150 илјади евра, наменети за помош на децата од Мексико, рече за МТВ бизнисменот Нуредини.

Нуредини е единствениот бизнисмен од нашиот крај кој 15 години по ред во друштво на виенската елита секое новогодишното утро го поминува во престижната концертна сала на Музикферај каде виенската филхармонија ги интерпретира најпознатите дела на  класичната музика.

Новинар: Анита Димитријевска

Снимател: Александар Касапинов