НБА Лига

Индијана се сопна, Денвер тоне, 236 коша во Минеаполис

02.01.2014 12:31

Во новата 2014, Индијана влезе со најдобар биланс во НБА лигата (25-5), но во првојануарската вечер потклекна во Торонто. Репторс продолжуваат како преродени по трампата со којашто Руди Геј го испратија во Сакраменто. Со фантастична игра во вториот дел триумфираа со 95-82, по што уште поубедливо се водечки тим во Атлантик Дивизијата, а се зацврстија како четврти во Источната конференција. Најзаслужни за победата на Торонто беа Де Мер Де Розан со 26 поени и девет скокови и Теренс Рос, кој постигна 18. Пејсерс ги предводеа Рој Хиберт со 16, Пол Џорџ со 12 и Дени Грејнџер со 11 коша.

Филаделфија и вторпат по ред се радуваше на турнејата по Запад. По Лејкерс, победи и кај Денвер, којшто со осмиот последовен пораз уште повеќе се оддалечи од плеј-офот. За триумфот од 112-104 клучна беше втората четвртина, во која Сиксерс дадоа 44 поени. Иван Картер беше прв стрелец со 23 поени. За Нагитс, Џеј Џеј Хиксон уфрли 19 коша.

Со фуриозна последна четвртина, Далас славеше на гости кај Вашингтон со 87-78.. Монте Елис со 23 коша беше водач на Маверикс, додека Џон Вол со 22 поена не можеше сам да го спречи неуспехот на тимот од американскиот главен град.

Откако 2013 ја завршија со пораз, Лос Анџелес Клиперс победнички ја отворија новата година. Блејк Грифин со 31 поен и со 12 скокови ја предводеше нивната тешка артилерија, по што уверливо го совладаа Шарлот со 112-85. Џеред Дадли уфрли 20, а Крис Пол  17 коша, плус 14 асистенции. Бобкетс издржаа само едно полувреме, а ниту еден нивни играч не ја мина границата од 14 поени.

Минесота и Њу Орлеанс заедно постигнаа 236 поени, а се радуваше домашниот тим. Уште по првите три четвртини Тимбервулфс го оддалечија противникот на безбедно растојание, а за конечните 124-112 тројца нивни играчи придонеасоа со по 20 и повеќе коша. Никола Пековиќ постигна 22, Кевин Лав 21, а Кевин Партин 20. Рики Рубио беше на чекор до „трипл дабл“ со 14 коша, осум скокови и девет асистенции. Кај поразениот тим, прво име беше Рајан Андерсон со 25 поени.

НБА Лига, резултати од среда

Торонто – Индијана  95-82

Денвер – Филаделфија 102-114

Вашингтон – Далас 78-87

ЛА Клиперс – Шарлот 112-85

Минесота – Њу Орлеанс 124-112