Бизнис очекувања за 2014

Оптимизам и барања во Новата година

02.01.2014 13:37

Стопанските комори во Новата година влегуваат со оптимизам, но и со неколку сугестии и барања за економски успешна година. Прво - реализација на најавените капитални инвестиции, второ - освојување на алтернативни пазари со заеднички производ, и трето - зголемување на извозот. Од Стопанската комора велат дека во 2014-та ќе работат на исполнување на неколку нивни барања:

Законот за поттикнување на инвестициските вложувања којшто за домашното стопанство е приоритет, со акцент на подеднаков третман на домашните и на странските инвестиции. Потоа, носење на гарантен фонд за недостиг од колатерал кај производствените и извозните компании, а со намалување на дополнителни оптоварувања кај македонските компании ќе побараме намалување или укинување на одредени давачки кај парафискалните зафати”, изјави Јелисавета Георгиева, извршен директор на СКМ

Во Сојузот на стопански комори за годинава очекуваат динамичен економски раст воден од капиталните инвестиции. Сметаат дека раздолжувањето кон стопанството, Законот за финансиска дисциплина, евтините кредити, ниската референтна каматна стапка и Договорот за гасификација, се петте клучни работи што ја одбележаа минатата година.

Сите овие мерки треба да дадат резултат во 2014-та, да порасне кредитниот раст, компаниите се заздравени, државата е раздолжена, се надеваме дека ликвидноста ќе резултира и меѓу самите компании, но треба да се внимава со законот за финансиска дисциплина, за да не заглават компаниите кои се уште немаат земено воздух, но сите предуслови за 2014-та се добри’, изјави Златко Калеников, претседател на ССК

За крај, бизнис-секторот бара претстојниот изборен процес да не ги наруши економските текови во државата.

Мартин Пушевски