Чудна вечер во НБА Лигата

Домашни порази на Мајами, Сан Антонио и на Оклахома Сити

03.01.2014 11:29

Ретки се НБА ноќите, во коишто на домашен паркет губат и шампионот и вицешампионот во Лигата. Иако на Флорида заминаа по седмата последовна победа, Голден стејт Вориорс прежалени истрчаа на теренот на првакот Мајами. Сепак, во супер-ефикасниот натпревар, „жешките“ потфрлија и му подарија на гостинот триумф од 123-114. Несигурната вечер на Леброн Џејмс и на Двејн Вејн, Голден Стејт ја казнуваше преку Стивен Кари и Дејвид Ли. Кари беше играч на натпреварот со 36 коша и 12 асистенции, а приближно ист ефект имаше и Ли со 32 поена и 14 скокови.

Ретки се НБА ноќите, во коишто на домашен паркет губат и шампионот и вицешампионот во Лигата. Иако на Флорида заминаа по седмата последовна победа, Голден стејт Вориорс прежалени истрчаа на теренот на првакот Мајами. Сепак, во супер-ефикасниот натпревар, „жешките“ потфрлија и му подарија на гостинот триумф од 123-114. Несигурната вечер на Леброн Џејмс и на Двејн Вејн, Голден Стејт ја казнуваше преку Стивен Кари и Дејвид Ли. Кари беше играч на натпреварот со 36 коша и 12 асистенции, а приближно ист ефект имаше и Ли со 32 поена и 14 скокови. И покрај се, Џејмс беше најпрецизен кај Мајами со 26, додека Вејд застана на 22 поена.

Слично на Мајами мина и ланскиот плеј-оф финалист Сан Антонио. Њујорк направи подвиг во Тексас, триумфираше со 105-101 и се одмазди за дебаклот што го доживеа во последниот меѓусебен дуел во „Медисон Сквер Гарден“. Повратникот по кратката пауза Кармело Ентони беше двигател на Никс, со тоа што силна поддршка имаше во Ајман Шамперт. Обајцата постигнаа по 27 коша за победничкиот тим, а Ентони забележа и 12 скокови. Единствена светла точка кај Спарс беше Марко Белинели со 32 коша, далеку пред вториот играч според ефектот, Ману Џинобили, кој имаше 11 поени и 12 асистенции.

На почетокот на сезонава, на Бруклин се гледаше како на тим за високи дострели. Засега Нетс се далеку од тоа, на дното на секако слабиот Исток, но затоа ноќеска изненадувачки славеа во Оклахома Сити со 95-93. Успехот против најдобрата екипа на Запад би можела да им ја врати самодовербата и бргу да ги врати во игра за позициите коишто ќе водат во плеј-офот. Тандер беа подобар тим на теренот во поголем дел од мечот, во третата четвртина водеа дури и со 16 разлика, но во завршната Бруклин се надмина себеси и направи пресврт. Дерон Вилијамс даде 29, а Пол Пирс 18 коша за Нетс, додека на спротивната страна Кевин Дурант постигна 24, а Серж Ибака уфрли 10 коша за Оклахома Сити.

 

НБА Лига, резултати од четврток, 2 јануари 2014

Мајами – Голден Стејт  114-123

Сан Антонио – Њујорк  101-105

Оклахома Сити Бруклин 93-95

 

Портланд – Шарлот 134-104

Чикаго – Бостон  94-82

Кливленд – Орландо 87-81 (продолжение)

Феникс – Мемфис 91-99

Јута – Милвоки 96-87

Сакраменто – Филаделфија 104-113