Кошарка:Лига на шампионите

Отворање на новата натпреварувачка фаза

03.01.2014 12:13

Возбудливиот фестивал под кошевите продолжува. На полигонот на елитниот европски кошаркарски куп останаа 16 - те екипи, кои ја започнаа битката за нокаут фазата. Првите соочувања минуваат главно со очекуваните резултати.

Возбудливиот фестивал под кошевите продолжува. На полигонот на елитниот европски кошаркарски куп останаа 16 - те екипи, кои ја започнаа битката за нокаут фазата. Првите соочувања минуваат главно со очекуваните резултати.

Во Е групата Барселона го совлада Анадолу Ефес со 84:65 кошеви. Наваро со 21 постигнат кош беше предводникот во победата над турскиот тим. Ерден беше стрелец на 15 поени во екипата на Ефес. Панатинаикос  беше исто така резултатски уверлив против Армани Милано со 73:57 кошеви. Гист со 12 кошеви беше најефикасен во грчкиот состав, а Џентиле кај Армани со 14 погодоци. Во надигрувањето на шпанските тимови Уникаха дома загуби од Лаборал Куча со 79:93. Словенецот Драгич беше најекспониран во победничкиот тим со 22  кошеви.

Во Ф групата се одиграа два натпревара. Капитални победи остварија гостинските екипи. Со поголема тежина е исчекорот на Макаби што го направи во Истанбул. Израелскиот шампион го порази Галатасарај со 90:84. Хикман беше еден од творците на победата на Макаби со 24 кошеви. Реал Мадрид ја продолжи победничката серија во оваа сезона и на гостувањето во Белград. 80:64 кошеви беше победничкиот резултат против Партизан. Родригез и Фернандез со по 16 кошеви беа најефикасни во „кралскиот состав“, Кинси даде 17 поени за Партизан.

Првото коло од оваа натпреварувачка фаза во Лигата на шампионите ќе биде заокружено со натпреварите: Локомотив Кубан- ЦСКА Москва, Жалгирис- Баерн Минхен и Олимпија и Олимпијакос- Фенербахче.