Против Солнок враќање на победнички патеки

03.01.2014 13:03

Со силно изразена фаворитска улога, МЗТ Скопје ќе го пречека Солнок во 15-то коло од Јадранската лига. Македонскиот кошаркарски шампион го загуби првиот меѓусебен дуел сезонава, но во последно време игра подобро и во арената „Борис Трајковски“ ја очекува седмата победа во АБА друштвото сезонава.

Унгарскиот состав не е наивен, се засили со Страхиња Милошевиќ, а во своите редови го има Американецот Вили Ворен, кој важи за играч со поголеми квалитети не само за настап во Унгарија, туку и воопшто во јадранската конкуренција.

Солнок досега забележа пет триумфи и девет порази, а со тој биланс е во групата екипи коишто се веднаш пред фенерџијата Широки. МЗТ Скопје исто така е во вториот дел од табелата, но со евентуален успех против Солнок, би можел да се надева дека во продолжение од сезоната ќе се пробие меѓу првите шест тима.

Лани нашиот тим го прегази противникот во скопската пресметка со 87-53, иако беше поразен на двете гостувања на унгарскиот паркет. Како ќе биде денеска, видете во преносот на Собранискиот сервис на МРТ од 20 часот и 25 минути.