Амал Аламудин е најфасцинантна личност во 2014 година

17.12.2014 13:57

Убавата британска адвокатка, благодарение на венчавката со холивудскиот актер Џорџ Клуни во септември, се најде на прво место на овогодинешната листа на најфасцинантни личности на годината во избор на познатата америкаснка водителка Барбара Волтерс...

За многу девојки останува енигма како успеа да го заведе и убеди на брак најпосакуваниот ерген во светот, Џорџ Клуни, но Амал Аламудин која од неодамна е госпоѓа Клуни е прогласена за најфасцинантна личност на годината. 
 
Убавата британска адвокатка, благодарение на венчавката со холивудскиот актер Џорџ Клуни во септември, се најде на прво место на овогодинешната листа на најфасцинантни личности на годината во избор на познатата америкаснка водителка Барбара Волтерс. 
 
Може слободно да кажеме дека нејзината беше венчавка на годината. Таа со тоа се придружи на мала група, како што се Џеки Оназис, принцезата Дајана и Кејт Мидлтон, изјави Волтерс.
 
На листата се наоѓаат и актерката Скарлет Јохансон, пејачката Тејлор Свифт, актерот Нил Патрик Харис, водителките Опра Винфри и Челси Хендл, фудбалерот Мајкл Стрехан, авторот Џорџ Р.Р. Мартин, бизнисменот и филантроп Дејвид Коч и генералниот директор на „Тесла“ Илон Маск.