Интернетот во предност пред телевизијата

03.01.2014 13:52

Едно од најгледаните видеа на Јутјуб во неговото осумгодишно постоење и со повеќе од 580 милиони гледања, е ѕвездата Чарли

Едно од најгледаните видеа на Јутјуб во неговото осумгодишно постоење и со повеќе од 580 милиони гледања, е ѕвездата Чарли, британското бебе кое постојано го гризе прстето на неговото братче. Тоа е оној вид забавен аматерски видео клип кој луѓето го поврзуваат со интернетот, како и неизбежна метафора за ривалството помеѓу онлајн видеото и телевизијата. За неговиот постар брат, досега онлајн видеото беше напаст, но не и голема закана. Просечен возрасен Американец дневно троши над четири часа гледајќи телевизија, а само дел од тоа време гледајќи програми и видео клипчиња на интернет.

Но во 2014 година, онјалн видеото ќе стане повлијателна културна сила, која ја менува комуникацијата, општествата и она што луѓето го гледаат. Неколку фактори ќе го забрзаат придвижувањето на телевизијата кон интернетот. Побрзите врски ќе олеснат во гледањето видеа кои се достапни онлајн, без да се чека со часови да се вчитаат. Луѓето купуваат се повеќе „умни“ телевизори кои можат да се поврзат со интернет, со што се овозможува пристап до веб страниците со големите екрани, кон кои досега се пристапуваше само преку лаптопи и таблети. Во 2014 година, фирмите како што се Сони и Интел ќе започнат услуги „над секоја граница“, со што ќе се овозможат телевизиски програми преку интернет. Долгочекуваната телевизија на Епл можеби ќе стане реалност.

Онлајн видеото станува помалку срамежливо и помалку формално. Видео сервисите, како што се Нетфликс и Амазон, кои емитуваат филмови и телевизиски шоуа онлајн, и кои се на претплата, се повеќе инвестираат во свои високо квалитетни „ТВ“ шоуа. На пример, Нетликс потроши околу 100 милиони долари за римејк на политичката драма „Дом на игрите“ (House of Cards). Јутјуб се обидува пак да стане модерен со директна конкуренција на телевизијата и лансира свои „канали“ со професионално продуцирани шоуа. Во 2014 година, некои од најголемите продукции на програми, меѓу кои е и Дизни, ќе започнат да создаваат ексклузивни програми за нови платформи.

Оваа промена на тоа што луѓето глеаат и како тоа го гледаат, веќе има културно влијание. Интернетот овозможи луѓето да очекуваат дека можат да стигнат до забавата според свои услови: ако некој направи реалити телевизиско шоу за конзументите на медиумите денес, тоа треба да биде наречено „Инстант исполнување“. Маратонското гледањет, кога гледачите со четвртести очи (и не повеќе зависни од милоста на програмските шеми) гледаат едно по друго по неколку епизоди или цели сезони во една вечер, станува вообичаено. Нетфикс активно ја потхранува гладта на гледачите со ставање одеднаш на цели сезони од своите шоуа онлајн. Многу повеќе луѓе ќе поминуваат цели викенди без да си ги напуштат дмовите, хипнотизирани пред нивните монитори.

Интернетот исто така ќе го смеени производството на програмите. Ќе го поддржува развојот на повеќе сериски драми, за кои отсекогаш било тешко да функцонираат на телевизиите во живо, кога луѓето ги гледаат еднаш неделно и можеби ќе промашат некоја од епизодите. Продуцентите и авторите ќе експериментираат со форматите и структурите на приказните. Повеќе содржини ќе зависат од гледаноста, што ќе им озвможи на гледачите да гласаат кои програми да се прават, како што го сторија тоа со шоута на Амазон студијата, од кои некои ќе започнат во 2014 година.

Пораст на неприклучените на кабелска

На некој начин гледањето телевизија ќе стане посоцијално благодарејќи на интернетот, и луѓето ќе си твитаат што гледаат онлајн. Но исто така ќе стане и помалку такво, затоа што помалку луѓе ќе гледаат исти шоуа во придружба на други. Семејствата можеби се уште ќе се собираат во дневната соба, но ќе бидат окупирани околу различни екрани: адолесцентите ќе гледаат програми на своите мобилни направи, додека родителите ќе блеат во телевизијата. Со проширувањето на спортските преноси во живо и неколкуте големи телевизиски програми, добата кога нацијата се вклучува да гледа неделни шоа во исто време и зборуува за тоа следниот ден, ќе исчезне - ако не во 2014 година, тогаш многу наскоро. Колегите ќе разговараат за „Хумленд“ или „Даунтаун еби“, но најверојатно нема да зборуваат за исти епизоди.

Во меѓувреме, и дома динамиката ќе се пресврти. Во 2014 година се повеќе „неприклучени на кабелска“ (млади кои ги заобиколуваат каблелските) ќе започнат да живеат сами и ќе изберат поевтини онлајн видео сервиси и широкопојасен интернет наместо телевизија со претплата. Тоа не е совршена замена - но многу млади без приходи на кои не им е важно да ја следата програмата во ударни термини, ќе ги изберат нив. По 2014 година, се повеќе луѓе ќе се исклучат од кабелските оператори. Оваа драма на промена на навиките за гледање телевизија ќе се случува во текот на следните повеќе сезони.

Економист