Солени цени на пазарите

03.01.2014 14:38

Трпезата полна колку и паричникот. Граѓаните внимателно избираат што ќе купат за божиќната трпеза . Солени се цените пред празниците - 120 денари за килограм костени со тенденција цената  уште да оди нагоре, околу  150 за ореви, портокалите  се 40 денари , мандарините 50. Најевтина е тиквата. На некои места се наоѓа за 10 денари по килограм . Толку е и бадниковото гранче. Доматите отишле на 120 денари за килограм. Некој со едно ќесе,  некој со повеќе, кој колку има. Ова е вообичаена слика пред секој празник, велат граѓаните.

Празниците се тешки и за пазарџиите. Тие паметат и поубави години кога работата цутела, а граѓаните ги празнеле тезгите. Се жалат дека последниве години  ги губат муштериите.

Јануари е еден од најтешките месеци за граѓаните, кога најмногу се троши  и се празни домашниот буџет, но секој сака да ја продолжи традицијата.

Викторија Тодоровска