Највисока државна награда за Кристијано Роналдо

03.01.2014 15:35

Португалскиот фудбалски репрезентативец Кристијано Роналдо ќе ја добие највисоката државна награда како еден од симболите на Португалија, соопшти денеска Анибал Силва од претседателскиот кабинет.

Португалскиот фудбалски репрезентативец Кристијано Роналдо ќе ја добие највисоката државна награда како еден од симболите на Португалија, соопшти денеска Анибал Силва од претседателскиот кабинет.

Во соопштението се наведува дека Роналдо ја заслужил наградата поради тоа што на најдобар можен начин ја претставува Португалија насекаде во светот и им служи за пример на помладите генерации.

Роналдо е член на Реал Мадрид, а за националниот португалски тим има одиграно 109 натпревари и постигнато 47 голови.

Најзначајни достигнувања со португалската репрезентација му се второ и трето место на Европските првенства 2004 година во Португалија, односно 2012 година во Полска и Украина.

Признанието на Роналдо ќе му биде врачено на 7 јануари од страна на принцот Хенри во претседателската палата во Лисабон.