според изборот на американскиот сајт „Creative Loafing Atlanta “.

Антиќ во друштво на 20 личности кои ќе ја одбележат 2014 година

03.01.2014 15:39

Првиот Македонец во НБА лигата Перо Антиќ се најде во друштво на 20 личности кои би требало да ја одбележат 2014-та година во изборот на американскиот сајт „Creative Loafing Atlanta “.

Првиот Македонец во НБА лигата Перо Антиќ се најде во друштво на 20 личности кои би требало да ја одбележат 2014-та година во изборот на американскиот сајт „Creative Loafing Atlanta “.

Овој сајт пишува дека малкумина обрнаа внимание на Перо Антиќ кога тој потпиша двегодишен договор со Атланта Хокс вреден 2,5 милиони долари. Овој сајт го претстави Антиќ како „Македонски воин“ чие тело е прекриено со тетоважи, кој игра на центарската позиција, со избричена глава, црна града.

Авторот на текстот додава дека Антиќ со Македонија во 2011-та го освои четвртото место на ЕП во Литванија поради што од претседателот на државата Ѓорѓе Иванов доби орден на честа. Меѓу другото во текстот е истакната и поддршката што Антиќ ја добива од Македонците во Америка на речиси секој натпревар кој го игра, а за ова нашиот кошаркар вели:

-Во мојата земја луѓето ја сакаат кошарката. Ми значи што гледам како еден човек ги обединува и прави да се чуствуваат како дома“, заклучува Антиќ.

Да се надеваме дека прогнозите на „Creative Loafing Atlanta” ќе се исполнат и дека навистина Перо Антиќ ќе ја одбележи оваа година.