Тенис

Јотовски со најдобар рејтинг во кариерата

22.12.2014 17:38

Лина Ѓорческа со новите три поени прогресираше осум скалила во двојки за 363 место во светот, додека во сингл конкуренција направи скок до 401 место.

Најдобрите македонски тенисери имаа мал прогрес на претпоследната објавена АТП листа во 2014-та. Томислав Јотовски со освоениот еден поен напредуваше три места и сега е на 547 позиција, што е негов најдобар пласман во кариерата.

Лина Ѓорческа со новите три поени прогресираше осум скалила во двојки за 363 место во светот, додека во сингл конкуренција направи скок до 401 место.

Димитар Грабул е три места послабопласиран и на 639 место сега на АТП ранкингот, а другите тројца наши тенисери кои се дел од светската листа, Стефан Мицов, Шендрит Деари и Бесир Дургути, се позиционирани од 1300 до 1400 место.

Оваа недела македонските тенисери се без обврски, па нема да има големи измени во генералниот поредок за 2014-та.