Кои се најпаметни градови на светот?

24.12.2014 15:25

Истражувањето рангира 40 градови и ја мери нивната зрелост во сегментот на информатичката технологија и телекомуникациите...

Стокхолм, Лондон, Париз, Сингапур и Копенхаген се градовите со најголема зрелост во сегментот на информатичката технологија и телекомуникациите, покажа истражувањето кое го објави компанијата „Ериксон“.
 
Истражувањето рангира 40 градови и ја мери нивната зрелост во сегментот на информатичката технологија и телекомуникациите, односно влијанието на ИТ инвестициите врз економскиот, општествениот и развојот на животната средина.
 
Во овогодишниот извештај додадени се девет нови градови - Берлин, Минхен, Барселона, Атина, Рим, Варшава, Мускат, Абу Даби и Дубаи.
 
Еден од заклучоците во извештајот е дека и  некои градови од ниските степени на зрелост на ИТ покажуваат тенденција на подобрување, многу побрзо отколку високо развиените градови.