НБА лига

Атланта пак загуби, Дурант со 48 коша ја уништи Минесота

05.01.2014 11:44

Екипата на Атланта доживеаја втор неуспех за само 24 часа во НБА Лигата, во натпревар во којшто Перо Антиќ одново беше во почетната петорка. Тој постигна  девет поени, остварувајќи и седум скокови, во поразот на Хокс од 91-84 на гостувањето кај Чикаго. Мајк Данливи со 20 и Луол Денг со 17 коша беа најдобри поединци на Булс, додека Пол Милсап и Џеф Тиг со по 16 поени го предводеа тимот на Атланта.

Мајами на туѓ терен го доби дербито на Флорида против Орландо со 110-94. Меџик беа рамноправни до средината на третата четвртина, кога „жешките“ дадоа 15 коша по ред и се оддалечија на недостижна дистанца. Двејн Вејд и Крис Бош со по 20 коша беа за нијанса пред Леброн Џејмс, кој постигна 15, забележувајќи и по осум скокови и асистенции. За Орландо, Џамир Нелсон уфрли 21 поен, плус шест асистенции.

Оклахома Сити славеше на теренот на Минесота со 115-111, најмногу по заслуга на Кевин Дурант. Тој имаше блескава шутерска вечер, завршувајќи со 48 коша, од кои 22 во последната четвртина. Ефектот го надополни и со по седум скокови и асистенции. Најблиску до него според постигнатите кошеви беше Дерек Фишер со 13. За Минесота Никола Пековиќ даде 31 поен, со 11 скокови, а Кевин Лав застана на 30 коша, со 14 скокови.

И Индијана повторно е во триумфален ритам. 26-от успех сезонава Пејсерс го забележаа против Њу Орлеанс, 99-82. Најразиграни во нивните редови беа Пол Џорџ со 24 поени, 10 скокови и пет асистенции и Ленс Стивенсон со ефект од 19 коша, шест скокови и четири асистенции.

НБА Лига, резултати од сабота, 4 јануари 2014

Чикаго – Атланта  91-84

Орландо – Мајами  94-110

Минесота – Оклахома Сити  111-115

Индијана – Њу Орлеанс   99-82

Бруклин – Кливленд  89-82

Сан Антонио – ЛА Клиперс  116-92