Кошарка, АБА Лига

Звезда супериорна со Игокеа, Цибона со пресврт против Олимпија

05.01.2014 11:49

Црвена Звезда останува сама на врвот на табелата во АБА Лигата и по 15.коло, по убедливиот триумф од 93-59 над Игокеа, во белградски „Пионир“. Со рутинирана игра црвено-белите имаа 22 поена предност на полувреме, што за гостинскиот тим од Александровац беше преголем залак. Напротив, Игокеа не успеа да се избори за нешто подостоинствен пораз.

На чекор до неуспех беше и Цибона, којашто во Загреб на полувреме и на средина од третиот период губеше од Олимпија со 15 коша. Сепак, хрватскиот состав се надмина во финишот и со чудесен пресврт стигна до победа од 83-71 против екипата на Алеш Пипан. Финансиските проблеми поради коишто Цибона остана преполовена, без двајца од тројцата Американци и без уште неколку играчи, не се одразија на овој меч. Тимот на Славен Римац се уште е на високото четврто место на табелата.

Раднички Крагуевац го доби дербито на дното против Широки со 81-79. Неизвесниот меч вна теренот на босанскиот вицепрвак му припадна на гостинскиот тим, по што Широки остана на дното на рангирањето во јадранската конкуренција.

Во саботната АБА програма, триумф на туѓ терен забележа и Цедевита, којашто во тврд, тесен и драматичен меч славеше со 65-64 против Крка на новиот македонски селектор Александар Џикиќ.

15.коло во регионалната конкуренција ќе заврши со натпреварите Задар-Будуќност (недела) и Мега Визура-Партизан (понеделник).