Закупеното земјиште ќе може да се пренесува

05.01.2014 14:51

Доколку земјоделецот се вработи, се пензионира, се пресели или од кои било други причини не сака повеќе да се занимава со земјоделско производство, договорот за закуп на државното земјиште ќе може да продолжи.

Во иднина со согласност на закупецот и со пренесување на корисничкото право тоа да може да го стори друг член од семејството кој сака да ги обработува нивите.

Условите се исти со тоа што времетраењето нема да се продолжува туку останува како и во претходниот договор, а финансиските обврски мораат навреме да бидат платени.

Според закононот, досега во услови кога земјоделецот не сака или не е во можност да продолжи да се занимава со оваа дејнос, земјиштето дадено под закуп се одзема.

Методија Трајков