сега се вкупно 209 книги од оваа едиција ...

60 нови книги од светски автори на македонски

05.01.2014 17:21

Со промоција на претходните изданија, сега се вкупно 209 книги од оваа едиција кои ќе ја збогатат нашата ризница. Ова е речиси половината од најважното и најценетото творештво од светската книжевност, а целта е да се доближи пишаното богатство до македонските читатели.

„Овој проект, за чија концепција редакцијата мораше да се избори, ние го сметаме за проект кој е исклучително важен за нашата култура и досега најважен за трајната афирмација на нашиот јазик”, изјави Митко Маџунков, главен редактор и промотор на едицијата „Sвезди на светската книжевност“.

Министерката Канческа-Милевска потенцираше дека преку преводите на делата од оваа едиција, на Македонците ќе им се доближат делата на Зола, Пруст, Ман и на другите светски автори, кои ќе дадат еден нов и траен импулс во културното живеење на нашата држава.

„Иако македонскиот јазик е кодификуван и формално и преку секојдневното објавување на дела од македонски автори, сепак преку оваа едиција неговата стандардизација стана проект кој трае”, вели министерката за култура.

Премиерот Груевски рече дека уште 60 нови книги се во завршна подготовка, од вкупно планирани 560 ремек дела создавани во светот на литературата од антиката до денеска.

Александра Перевска