Кошарка, НБА Лига

Голден Стејт со девет победи по ред, Денвер ги прегази Лејкерс

06.01.2014 12:50

Кошаркарите на Голден Стејт имаат најмногу причини да ја паметат изминатата ноќ во НБА Лигата. По цели 39 години, првпат по 1975, триумфираа на девет средби едноподруго. Последната победа ја забележаа на гостувањето кај Вашингтон со 112-96. Клеј Томпсон постигна 26 поени, Дејвид Ли уфрли 21 кош, со 11 скокови и со шест асистенции, а Стивен Кари придонесе со 14 коша и со 10 асистенции за тимот на Вориорс, којшто нема пораз уште од 19 декември минатата година.

Шампионот Мајами стави крај на серијата на Торонто од пет победи по ред и славеше на свој терен со 102-97. Иако губеше со пет поени на влезот на последната четвртина, ѕвездениот состав од Флорида не дозволи да загуби. Леброн Џејмс беше инспиратор со 30 постигнати поени, резервистот Мајкл Бизли додаде 17. Репторс не успеаја да врзат шест триумфи, што ќе беше прв таков случај по 2007. Интересно, ова беше првпат Мајами да одигра два натпревара во две вечери уште од ноември.

Во најефикасниот натпревар Денвер ги совлада ЛА Лејкерс со 137-115. Дури тројца играчи на Нагитс ја достигнаа границата од 20 поени. Нејт Робинсон постигна 21 кош, Тимофеј Мозгов 20 со седум скокови, а Тај Лосон даде 20 поени со 12 асистенции, во средбата којашто ја продолжи мизеријата на Лејкерс. Ова им беше седми пораз во последните осум натпревари. Толку примени кошеви во натпревар без продолжение немаат уште од ноември 1993 година. Пау Гасол за нив оствари ефект од 25 поени, десет скокови и пет асистенции.

НБА Лига, резултати од недела, 5 јануари 2014

Вашингтон – Голден Стејт  96-112

Мајами – Торонто  102-97

Денвер – ЛА Лејкерс  137-115

Детроит – Мемфис  84-112

Кливленд – Индијана  78-82

Оклахома Сити – Бостон  119-96

Далас – Њујорк  80-92