Почит за бесмртниот Еузебио!

06.01.2014 12:15

Огромен број навивачи на Бефика и воопшто фудбалски вљубеници му оддадоа почит на Еузебио, кој почина вчера во 71-годишна возраст . Тој беше еден од најголемите фудбалери на сите времиња, а за него Жозе Мурињо рече дека е бесмртен.

Иако беше роден во Мозамбик во 1942, играше за Португалија, а на 64 натпревари во дресот со држвен грб постигна 46 гола.

Во кариерата Еузебио вкупно одигра 745 меча на коишто даде 733 погодока, а беше најдобар стрелец на Светското првенство во Англија во 1966 со девет гола. Со овие бројки светот ќе го памети како играч од рангот на Пеле, Марадона, Меси...

Не помалку импресивна е и клупската кариера на Еузебио, кој во дресот на Бенфика во 1962-ра ја освои титулата во Купот на европските шампиони. Во 1968-та во финалето загуби од Манчесетер јунајтед, но неговиот тим доминираше на домашната сцена со десет трофеи во првенството и пет во купот. Еузебио беше најдобар стрелец во Португалија во периодот од 1964-73, а во 1965-та беше прогласен за најдобар фудбалер во Европа.