Мојс сака, но не е оптимист за засилувања

06.01.2014 19:34

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Дејвид Мојс, е под се поголем притисок со оглед на слабите резултати на неговата екипа сезонава. Англискиот шампион не игра на потребното ниво во домашната лига, а претрпе елиминација од Свонси на домашен терен во ФА купот што секако го намали кредибилитетот на менаџерот, кој се повеќе размислува за засилувања во јануарскиот преоден рок.

„Сакаме да донесеме нови фудбалери, имаме потреба од нив, но прашање е дали играчите на кои се надевам ќе бидат слободни до крајот на месецов“, се запраша шкотскиот стратег на клупата на Манчестер јунајтед. 