Шарапова го освои Бризбејн во “мечот на тениските убавици“

10.01.2015 20:06

Иако го загуби првиот во “тај брејк“ ги доби следните два со по 6 : 3 и дојде до својот 34 освоен турнир во кариерата. Тоа е само втор за неа на австралиска почва, откако пред 7 години победи на “Грен слем“ турнирот Австралија Опен...

Русинката Марија Шарапова триумфира на ВТА турнирот во Бризбејн, по победа над Србинката Ана Ивановиќ во 3 сета. Иако го загуби првиот во “тај брејк“ ги доби следните два со по 6 : 3 и дојде до својот 34 освоен турнир во кариерата. Тоа е само втор за неа на австралиска почва, откако пред 7 години победи на “Грен слем“ турнирот Австралија Опен.

Финалето на првите две носителки беше и празник за очи на љубителите на тенисот, во кое силите ги одмерија двете најатрактивни светски тенисерки. Шарапова е меѓу најконстантните во историјата, затоа што освојува барем еден трофеј секоја година од 2003 досега, а со новите поени на листата се приближи на само 681 поен зад водечката на ВТА листата, Серена Вилијамс.