1000-рка за швајцарскиот „маестро“

11.01.2015 18:32

Со победата над Раониќ со 2-1 во финалето на турнирот во Бризбејн,швајцарецот стигна до 1000-тата победа на официјален тениски меч и во клубот 1000 им се придружи на легендарните Џими Конорс и Иван Лендл...

Најдобриот светски тенисер Роџер Федерер и натаму ја испишува тениската историја. Со победата над Раониќ со 2-1 во финалето на турнирот во Бризбејн,швајцарецот стигна до 1000-тата победа на официјален тениски меч и во клубот 1000 им се придружи на легендарните Џими Конорс и Иван Лендл.

До 83-от АТП трофеј Федерер стигна потешко од очекувањата.Откако  го доби првиот сет со 6-4,вториот го загуби во тај-брејк,но сепак во дуелот со секогаш упорниот Раониќ во 10 гем од третиот , швајцарецот  ја искористи првата сет можност на сервис на противникот за ново историско достигнување. Следен предизвик ќе му бидат нови 72 победи за минување на Лендл на вечната листа на тенисери со најмногу победи.