НБА лига

Атланта поразена и од Бруклин

07.01.2014 15:47

Атланта на Перо Антиќ го доживеа третиот пораз по ред во НБА Лигата, 86-91 на теренот на Бруклин, во мечот во кој нашиот репрезентативец ја потврди улогата на член на почетната петорка на Хокс. Антиќ одигра нешто повеќе од 18 минути, остварувјќи ефект од осум коша (2/2 за еден, 0/1 за два и 2/5 за три поени), три скокови и две загубени топки. Седумнаесеттиот неуспех во 35.натпревар во сезоната Атланта го претрпе пред очите на суперпопуларната пејачка Ријана, којашто е меѓу најжестоките навивачи на тимот на Бруклин.

Атланта на Перо Антиќ го доживеа третиот пораз по ред во НБА Лигата, 86-91 на теренот на Бруклин, во мечот во кој нашиот репрезентативец ја потврди улогата на член на почетната петорка на Хокс. Антиќ одигра нешто повеќе од 18 минути, остварувјќи ефект од осум коша (2/2 за еден, 0/1 за два и 2/5 за три поени), три скокови и две загубени топки. Седумнаесеттиот неуспех во 35.натпревар во сезоната Атланта го претрпе пред очите на суперпопуларната пејачка Ријана, којашто е меѓу најжестоките навивачи на тимот на Бруклин. Прво име на славеничкиот состав беше Џо Џонсон со 23 поени, Мирза Телетовиќ постигна 16, а Алан Андерсон 14 коша. Со по 16 поени, први стрелци на Атланта беа Џеф Тиг и Пол Милсап.

Во преостанатите две средби одиграни ноќеска, Минесота убедливо триумфираше на гостувањето кај Филаделфија со 126-95, а Лос Анџелес Клиперс дома го совладаа Орландо со 101-81.

Вечерта во НБА ја обележа и трампата меѓу Кливленд и Чикаго. Кавалирс во последен миг ја искористија можноста да се ослободат од проблематичниот Ендрју Бајнам, кого неодамна поради недисциплина го отстранија од екипата, а за возврат добија одличен играч во Луол Денг. Покрај Бајнам, тимот на Булс стекна право и еден избор во првата и на два избора во втората рунда на наредниот драфт.