Зголемен извоз на вино

07.01.2014 16:25

2013 беше родната година за лозарите. Поголемото количество винско грозје од 27 проценти донесе и добар пласман на виното. До декември, винарските визби од извезот заработија 42 милиона евра.

Винарските визби лани произведоа 120 милиони литри вино.

 Вкупното производство на трпезно и на винско грозје во Македонија во 2013 година ќе го надмине просечниот вкупен принос од последните пет години од околу 250.000 тони.

Производството на вино од реколтата 2013 достигна ниво повеќе од 100 милиони литри.

Бесцаринската квота за извоз на налевно вино на европскиот пазар во 2013 година беше искористена уште во февруари, а извозот на вино во шишиња забележа зголемување и по количества и по вредност.

 И извозната цена на виното се зголеми за 2 процента.

Винарските визби редовно го исплаќаат откупеното грозје со што немаше потреба за голем извоз на винското грозје на странските пазари како порано. Поголемиот дел го откупија домашните винарници.

Методија Трајков