ОДЛУКА ЗА ИЗМЕНА НА Одлука за избор на изведувачи односно на нови композиции по третиот квартален конкурс од 20014-та година

26.01.2015 13:03

Врз основа на член 51 став 2 алинеја 11 од Статутот на ЈРП Македонска Радио Телевизија бр. 02-3717/1 од 07.06.2013 година ( пречистен текст)  и  член 20 став 1 од Закон за поддршка на домашната музичка продукција (Службен весник на РМ бр.119/2013, а во врска со објавениот трет квартален конкурс од 30.06.2014 година, Работоводниот орган на ЈРП Македонска Радиотелевизија Скопје, на ден 29.12.2014 година ја донесе следната:

 

 

О Д Л У К А

ЗА ИЗМЕНА НА

Одлука за избор на изведувачи односно на нови композиции

број 02-6935/11 од 18.11.2014 година

 

 

Член 1

Работоводниот орган на Јавното радиодифузно претпријатие МАКЕДОНСКА РАДИОТЕЛЕВИЗИЈА врши измена на Одлука за избор на изведувачи односно на нови композиции број 02-6935/11 од 18.11.2014 година, донесена од Работоводниот орган на ЈРП Македонска Радиотелевизија Скопје.

 

Член 2

            Во член 1, категорија „ДЕТСКИ КОМПОЗИЦИИ“

Во точка 6, зборовите:

Се што ми треба“ се менуваат со зборовите „Што е среќата“.

 

Член 3

Во точка 7, зборовите:

 

„7.КРИСТИЈАН ЛУКАРОВ како автор на музика, текст и аранжман на композицијатаЗа правата на децата“. Продуцент на аудио запис СТУДИО ПОДРУМОТ Скопје.“  СЕ БРИШАТ.

Точките „8“ , „9“, „10“ и „11“ стануваат точки„7“ , „8“,  „9“ и „10“.

 

Член 4

Изборот на композициjата во категоријата „ИСТАКНАТ ИЗВЕДУВАЧ“ - Забавна музика:

2. АРТА МЕМЕДИ како изведувач на композицијата „ Како ти“, автор на музика и аранжман Бењамин Ајрулаху, автор на текст Арта Мемеди, продуцент на аудио и видео запис  АВАНГАРДЕААЉ ПРОДУКЦИЈА ДООЕЛ Скопје.“ СЕ ПОНИШТУВА.

 

Точките „3“, „4“ и „5“ стануваат точки „2“, „3“ и „4“.

 

Член 5

Изборот на композицијата во категоријата „ИСТАКНАТ ИЗВЕДУВАЧ“ - Народна музика:

„1. ЛИНДИТА ПУРЕЛКИ И АВНИ МЕХМЕТИ (Гр.ОРХИДЕЈА) како изведувачи на композицијата „Ме ле рахат“, автор на музика, текст и аранжман Аријан Асланај, продуцент на аудио и видео запис  АВАНГАРДЕ ААЉ ДООЕЛ  Скопје.“ СЕ ПОНИШТУВА.

Точките „2“, „3“ и „4“ стануваат  точки „1“, „2“ и „3“.

 

 

Член 6

Оваа измена станува составен дел на Одлука за избор на изведувачи односно на нови композиции број 02-6935/11 од 18.11.2014 година, донесена од Работоводниот орган на ЈРП Македонска Радиотелевизија Скопје и влегува во сила со денот на нејзиното донесување.

            Одлуката за избор на изведувачи односно на нови композиции број 02-6935/11 од 18.11.2014 година, донесена од Работоводниот орган на ЈРП Македонска Радиотелевизија Скопје, во останатиот дел останува непроменета и важи.

 

Член 7

            Оваа Одлука за измена на Одлука за избор на изведувачи односно на нови композиции број 02-6935/11 од 18.11.2014 година, донесена од Работоводниот орган на ЈРП Македонска Радиотелевизија Скопје, веднаш по донесувањето да се објави на веб страницата на ЈРП Македонска Радиотелевизија Скопје.

 

 

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

 

            Работоводниот орган на ЈРП МРТ – Скопје, врз основа на Извештај број 02-6935/1 од 16.10.2014 година, Извештај бр.6935/3 од 27.10.2014 година, Извештај број 02-6935/4 од 27.10.2014 година, Извештај бр.02-6935/5 од 31.10.2014 година, Извештај бр.02-6935/6 од 31.10.2014 година, Извештај број 02-6935/9 од 12.11.2014 година и Извештај бр.02-6935/10 од 12.11.2014 година од Комисија за одлучување по третиот квартален конкурс, донесе Одлука за избор на изведувачи односно на нови композиции  број 02-6935/11 од 18.11.2014 година.

           

            ЈРП МРТ имајќи ги предвид претходно донесените одлуки за избор на изведувачи односно на  нови композиции, а со цел правилна примена на Законот за поддршка на домашна музичка продукција, а заради констатирани одредени пропусти во доставените Извештаи од Комисијата за одлучување по третиот квартален конкурс, ја донесе оваа Одлука за измена на Одлука  за избор на изведувачи односно на нови композиции број 02-6935/11 од 18.11.2014 година,  заради следните причини:

         

1.Направена е техничка грешка во Извештајот на комисијата за избор на композиција на  авторот Тања Бајрактарова, во категоријата „Детски композиции“  и наведен е наслов на композцијата  „Се што ми треба“, наместо „Што е среќата“.

 

2.На авторот Кристијан Лукаров во третиот квартален конкурс може да му биде поддржана само уште една композиција, со што би се исполнил максималниот број на композиции на еден автор кои може да бидат поддржани во текот на една година, а согласно член 14 став 1 од Законот за подршка на домашна музичка продукција.

 

3.Одредбата од членовите 4 и 5 на оваа Одлука е донесена од причина што изборот на цитираните композиции е во спротивност со член 18 став 3 од Законот за поддршка на домашна музичка продукција.

 

Поради сето гоенаведено следуваше Работоводниот орган на ЈРП МРТ Скопје да одлучи како во диспозитивот на оваа Одлука.

 

                                                                  Работоводен орган на ЈРП МРТ Скопје