Тенис - Австралија опен

Фаворитите немилосрдни!

20.01.2015 18:09

Првиот светски тенисер Ѓоковиќ славеше против Словенецот Бедене, одбраната на трофејот четврторангираниот Вавринка ...

Вториот ден на австралискиот тениски грен – слем, на дел од фаворитите им послужи само како тренинг. Деветте тенисери и тенисерки од Tоп 10, заедно загубја само еден сет.

Првиот светски тенисер Ѓоковиќ славеше против Словенецот Бедене, одбраната на трофејот четврторангираниот Вавринка ја почна со лесен триумф против турскиот тенисер Илхан, петтиот Нишикори немаше проблеми против Шпанецот Алмагро, осмиот Раониќ го совлада Марченко од Украина, додека само на деветтиот носител Ферер му беа потребни четири сета за триумф против Бразилецот Белучи.

Кај дамите во два сета, најдобрата Серена Вилијамс ја победи Ван Ујтванк од Белгија, четвртата Квитова триумфираше против Холанѓанката Хогенкамп, шестата Радванска против Јапонката Нара, а осмата фаворитка Вознијацки во дуелот со Американката Таузенд.