Најмногу извезуваме во Германија

08.01.2014 13:10

Надворешно – трговската размена  во  11 –те  месеци лани е зголемена за 2,8 насто во однос на истиот период претходната година . Заводот за статистика објави дека обемот на размената со странство  вредел 9,8 милијарди долари.  Извезената стока достигна  износ од 3,8 милијарди долари , што е за 5,6 насто повеќе од 11-те месеци 2012 година . Увозот е поголем само за 1 насто и за него се потрошени речиси 6 милијарди долари . Германија  и натаму е најголемиот трговски партнер , особено при извозните трансакции со над 35 проценти од вкупниот извоз.

Надворешно – трговската размена  во  11 –те  месеци лани е зголемена за 2,8 насто во однос на истиот период претходната година . Заводот за статистика објави дека обемот на размената со странство  вредел 9,8 милијарди долари.  Извезената стока достигна  износ од 3,8 милијарди долари , што е за 5,6 насто повеќе од 11-те месеци 2012 година . Увозот е поголем само за 1 насто и за него се потрошени речиси 6 милијарди долари . Германија  и натаму е најголемиот трговски партнер , особено при извозните трансакции со над 35 проценти од вкупниот извоз. Во петте најзначајни земји за  извоз и увоз спаѓаат Грција ,Србија ,Велика Британија и Италија .

Лилјана Алтипармакова