HDR- нов систем за телевизија

26.01.2015 12:50

Технологијата во светот се одвива со голема брзина, а новите производители на телевизори веќе се борат да произведат телевизор со висока резолуција неколку пати поголема од денешната FULL HD...

Новиот HDR или (high dynamic range) стандард воведува поголем простор за динамика меѓу контраст, палетата на бои и брзината на реагирање, имитирајќи го вистинскиот свет и капацитетите на очите. Со тоа телевизорите ќе постанат многу посветли, но во релативни мерки тоа ќе значи дека темнината ќе биде многу подлабока и дека сликите ќе изгледаат многу налик тие што ги гледаме со нашите очи.

„Веројатно 4К резолуцијата која што се појави во последно време е далеку подобра од моментална HD резолуција која ја имаме во моментов. Тоа е една нова револуција пред се во производството на нови модели на телевизори“, вели Мајкл Рахиер од Техниколор.

Во HDR телевизијата нема да има изедначување на нивоата, туку видеото ќе се снима во три или повеќе нивоа на осветленост за да потоа се прикаже на HDR-компатибилен телевизор кој ќе може да ги прикаже сите детали и разлики во контраст и осветлување.

„Но, мора да се има во предвид дека само резолуцијата не е се она што треба да се земе во предвид туку треба да имаме и квалитена слика но и контрастот кој игра важна улога во се пореалистичната слика на ТВ приемникот“, додава Рахиер.

Повеќето големи телевизорски компании се натпреваруваат кој ќе донесе поквалитетен 4К телевизор на пазарот, за навремено да го зафатат овој дел од пазарот. Моментално покрај 4К екраните, во септември минатата година, Епл го лансираше својот монитор со 5К резолуција и со тоа во моментов е монитор и комјутер со максималната резолуција и најдобра слика која може да биде прикажана на телевизиски монитор.

 

Јованчо Наумоски