ФИФА сака да го затвори спорното прашање

Фудбалскиот мундијал во Катар 2022 нема да биде налето

08.01.2014 14:48

Светската фудбалска асоцијација ФИФА најавува преседан каков што не памети најпопуларниот спорт. Мундијалот во Катар во 2022 нема да се одржи во лето, како што беше случај со сите деветнаесет претходно.

„Термините за првенството сигурно нема да бидат во јуни или во јули“ – изјави Генералниот секретар на ФИФА Жером Валке за Радио Франс. „Мислам дека би се одржало меѓу 15 ноември и 15 јануари“, дополни Валке.

Тоа значи дека ФИФА целосно отфрла каква било можност за светскиот шампионат по осум години да се одржи во термините коишто досега беа практика. Претходно и претседателот Сеп Блатер исто така ги посочи ноември и декември како термини, иако организаторот ги задржа надежите дека ќе биде домаќин во јуни или во јули. Поради неподносливите горештини во азиската земја во летните месеци, дебата околу ова се води уште од 2010, кога Катар ја доби организацијата.

Но, фактот што Генералниот секретар Жером Валке како најидеален за фудбал го посочува периодот меѓу 15 ноември и крајот на декември, кога температурата во Катар е во просек 25 степени Целзиусови, говори дека ФИФА е решена да го заклучи ова прашање. Официјално, конечната одлука е најавена за во декември оваа година.