Мојс на агендата на ФА

08.01.2014 14:58

Англиската фудбалска федерација ќе го разгледува поведението на менаџерот на Манчестер јунајтед, Дејвид Мојс, во врска со вчерашниот полуфинален натпревар од ФА купот против Сандерленд. Шкотскиот стратег по средбата рече дека неговиот тим не само што треба да игра против ривалите, туку и против судиите, а во досегашните такви случаи федерацијата ги санкционираше тренерите.

Манчестер јунајтед загуби од Сандерленд со 2-1, а револтот на Мојс беше голем поради тоа што решавачкиот гол противникот го постигна од спорен пенал. Англискиот шампион е во низа од три порази во сите конкуренции, нешто што не му се случило од 1992, а сето тоа го зголемува притисокот и нервозата на Мојс. Сепак, кога е ФА купот во прашање, ништо не е загубено за Манчестер затоа што во оваа фаза има реванш, па на домашен терен „црвените“ ќе имаат шанса да ја надополнат предноста на Сандерленд.