Продажбата на „Епл Воч“ почнува во април годинава

29.01.2015 19:03

Епл Воч е претставен во септември минатата година, а компанијата овој паметен часовник го најави како најперсоналниот уред на сите времиња...

Директорот на „Епл“ Том Кук официјално потврди дека продажбата на Епл Воч почнува во април годинава. 
 
Епл Воч е претставен во септември минатата година, а компанијата овој паметен часовник го најави како најперсоналниот уред на сите времиња. 
 
Кук не откри нови детали за цената, но се очекува цената на основниот модел да изнесува 349 долари.
 
Епл Воч ќе биде достапен во три изведби. Освен стандардна, во понуда ќе биде и Спорт изведба наменета за активни корисници, а корисниците ќе може да одберат и ултра премиум Епл Воч Едишн, паметен часовник чија цена би можела да биде и неколку илјади долари.