Познатата актерка призна дека е зависник

20.08.2013 02:14

Линдзи Лохан гостуваше во емисијата на Опра Винфри, само четири дена по рехабилитацијата и конечно призна се.

Проблематичната актерка отворено зборуваше за нејзината зависност од алкохол и апчиња, а додаде дека кокаинот го користела „повеќе пати отколку што претходно кажала“.

Лондзи Лохан веќе шест пати се обиде да се излекува од зависноста, а како што и рече на Опри Винфри, „овој пат ќе биде поинаку“.

На директното прашање на водителката: Дали си зависник?“, актерката кусо одговори: „Да“, а потоа призна дека не може без алкохол.

- Мешав кокаин со алкохол, но навистина не го правев тоа повеќе од 10 до 15 пати, рече Линдзи која инсистира на тоа дека „никогаш не уживала“. Таа рече дека била под влијание на друштвото и дека наркотици вообичаено ги конзумирала на забавите.

Никогаш ништо не сум вбризгувала, само шмркав. Тоа одеше рака под рака со алкохолот.

Линдзи исто така откри дека е зависна од лекот врз база на амфетамин, затоа што и „дава сигурност“.

- Овој пат ќе биде поинаку, затоа што престанав да земам апчиња. Пијам само витамини и лек против киселини во желудникот, откри таа.

Актерката во 2010 година ја прекрши условната слобода и беше осудена на три месеци во затвор.

- Бев во хаос и не можев да се извлечам. Затоа се надевав дека ќе завршам во затвор мислејќи дека таму конечно ќе ја победам зависноста. Сакав да одам на место каде ќе можам да седам и да не правам ништо, рече Линдзи.

Според нејзините зборови за одењето на последната рехабилитација заслужна е адвокатката Шон Холи, која исто така, и е добра пријателка. Додека зборуваше за неа, Линдзи се расплака.

- Ја обожувам и знам дека овој пат ќе успеам затоа што тоа го сакам, а претходно се чувствував дека се одрекувам од порокот по казна.

Во интервјуто беше спомната и мајката на Линдзи, Дини, која безуспешно се обидувала да ја заштити од светот на дрогата и алкохолот, во кој западна како многу млада.

- Заработував премногу, а имав само 18 години. Потрошив многу пари. Живеев во хотел иако имав стан. Не го слушав своето семејство, рече таа.

На крајот на интервјуто, Опра на својата гостинка и посака среќ