Воена вежба „Македонски Блесок-9”

Ден за високи гости на „Македонски Блесок-9”

17.10.2013 13:11

Во рамки на воената вежба „Македонски Блесок-9” на Армискиот полигон (АП) „Криволак“ и во Центарот за обука (ЦО) „Пепелиште“ денеска ќе биде одржан „Ден за високи гости“.
 
Според програмата, на „Денот за високи гости“ ќе биде изведена тактичка вежба со бојно гаѓање „Засилена средна пешадиска баталјонска група (СПБГ) во напад“, на која ќе учествуваат повеќе единици од различни родови и единици за логистичка поддршка.
 
Учесниците на вежбата, на АП „Криволак“ покрај практичната примена на тактиките и процедурите за изведување на офанзивни борбени дејства, ќе ја демонстрираат нивната обученост во извршување на различни гаѓања од пешадиско и артилериско вооружување, а низ програмско гаѓање ќе биде прикажана и блиската воздушна поддршка на СПБГ.
 
По изведувањето на вежбата, во ЦО ,,Пепелиште“ е планирана посета на Лесната маневарска болница и тактичкиот оперативен центар од кој се раководи вежбата и оценувањето на ,„Македонски Блесок-9“.
 
На „Денот за високи гости“, како што е најавено, ќе присуствуваат претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили Ѓорге Иванов, министерот за одбрана Талат Џафери, началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, командантот на Здружената оперативна команда на АРМ генерал-мајор Методија Величковски, пратеници од Соранието, претставници на Владата, воени аташеа акредитирани во Република Македонија, претставници на Канцеларијата за врски на НАТО, на локалната самоуправа од Штип, Неготино и Кавадарци и други гости.