ОДЛУКА за избор на изведувачи, односно на нови композиции за четвртиот конкурс од 2014-та година

03.02.2015 15:39

 

Врз основа на член 51 став 2 алинеја 11 од Статутот на ЈРП Македонска Радио Телевизија бр. 02-3717/1 од 07.06.2013 година ( пречистен текст)  и  член 20 став 1 од Закон за поддршка на домашната музичка продукција (Службен весник на РМ бр.119/2013, а во врска со објавениот четврт квартален конкурс од 27.09.2014 година, Работоводниот орган на ЈРП Македонска Радиотелевизија Скопје, на ден 02.02.2015 година ја донесе следната:

 

О Д Л У К А

за избор на изведувачи односно на нови композиции

 

 

Член 1

Работоводниот орган на ЈРП Македонска Радиотелевизија Скопје согласно Законот за поддршка на домашната музичка продукција  врз основа на доставениот Извештај со број 02-184/3 од 28.01.2015 година на Комисијата за одлучување по четвртиот квартален конкурс, во состав Робертино Саздов (претседател), Сузана Стефановска, Радица Митиќ, Цане Петров и Благоја Здравковски

 ДОНЕСЕ Одлука за избор на изведувачи, односно на нови композиции од четвртиот објавен квартален конкурс за 2014 година од 27.09.2014 година, односно избрани се следните изведувачи/автори и прифатени се следните композиции:

 

 

Категорија „ТАЛЕНТИ“:

 

1.    ЈОВИЦА МИЦЕВСКИ како изведувач на композицијата „НЕКА БИДЕ ШТО ЌЕ БИДЕ“, автор на музика Ванчо Димитров, автор на текст Васил Пујовски, автор на аранжман Николче Мицевски, продуцент на аудио запис АВАРД ПРОМОТИОН ДООЕЛ, продуцент на видео запис АВАРД ФИЛМ.

 

 

Категорија „АФИРМИРАН ИЗВЕДУВАЧ“:

 

Забавна музика

 

1.    АЛЕКСАНДРА ЈАНЕВА како изведувач на композицијата „ЕВЕ МЕ ПАК“, автор на музика, текст и аранжман Ѓорги Крстевски, продуцент на аудио запис ИНТЕРМЕДИА ДООЕЛ Скопје, продуцент на видео запис АВАРД ФИЛМ И ВИДЕО ДООЕЛ Скопје.

 

 

Категорија „ИСТАКНАТ ИЗВЕДУВАЧ“:

 

Забавна музика

 

1.    ЕМИЛ АРСОВ како изведувач на композицијата „СРЦЕТО ЗНАЕ НАЈДОБРО“, автор на музика, текст и аранжман Иван Јованов, продуцент на аудио запис ГЛОБАЛ МЈУЗИК РЕКОРДС Скопје, продуцент на видео запис ДФПМ ЛУНА ПАРК ПРОДУКЦИЈА ДООЕЛ Скопје.

 

2.    ФИЛИП ЈОРДАНОВСКИ како изведувач на композицијата „ПОГЛЕДНИ МЕ“ автор на музика, текст и аранжман Блаже Темелков, продуцент на аудио запис ГЛОБАЛ МЈУЗИК РЕКОРДС Скопје и продуцент на видео запис ДФПМ ЛУНА ПАРК ПРОДУКЦИЈА ДООЕЛ Скопје.

 

3.    СТЕФЧЕ ЌИРОСКИ како изведувач на композицијата „ТОПЛО ЛАДНО“, автор на музика, текст и аранжман Стевче Ќироски, продуцент на аудио и видео запис АЛЕКСАНДЕР АРП ДООЕЛ Скопје

 

4.    АЛЕКСАНДАР РИСТОВСКИ ПРИНЦ како изведувач на композицијата  „БАРБАРЕЛА“, автор на музика, текст и аранжман Александар Ристовски, продуцент на аудио и видео запис АЛЕКСАНДЕР АРП ДООЕЛ Скопје.

 

5.    СИМОНА ПОПОСКА како изведувач на композицијата „ЈАС НЕ ТЕ САКАМ“, автор на музика, текст и аранжман Иван Јованов, продуцент на аудио запис ГЛОБАЛ МЈУЗИК РЕКОРДС и продуцент на видео запис ДФП ТОМАТО ДООЕЛ.

 

6.    АЛЕКСАНДАР БЕЛОВ како изведувач на композицијата „ЗНАМ КАКО Е“, автор на музика, текст и аранжман Јован Јованов, продуцент на аудио запис ГЛОБАЛ МЈУЗИК РЕКОРДС и продуцент на видео запис ФЛУКС ПРОДУКЦИЈА ДООЕЛ Скопје.

 

7.    СИЛВАНА МУЧИЌ ПЛЕВНЕШ како изведувач на композицијата „САМО МОЈ“, автор на музика и аранжман Влатко Плевнеш, автор на текст Силвана Мучиќ Плевнеш, продуцент на аудио и видео запис СИЛ- ВЛА ДОО Скопје.

 

8.    ГРУПА „АЈ КЈУ“ како изведувач на композицијата „ЕВЕ ПАК“, автор на музика, текст и аранжман Бојан Трајковски, продуцент на аудио и видео запис ГОРИЛА ПРОДАКШН ДООЕЛ Скопје.

 

9.    БОЈАНА  АТАНАСОВСКА како изведувач на композицијата „ОВОЈ МИГ Е НАШ“, автор на музика, текст и аранжман Кристијан Габровски, продуцент на аудио запис ЛУНА ПАРК ПРОДУКЦИЈА ДООЕЛ Скопје, продуцент на видео запис ФАБРИКА ПРОДУКЦИЈА ДОО Скопје.

 

10.  БОРЧЕ ШАБАНОСКИ- БЕН ХУР како изведувач на композицијата „ОВА Е ВРЕМЕ ЗА НАС“, автор на музика, текст и аранжман Борче Шабаноски, продуцент на аудио запис ЛУНА ПАРК ПРОДУКЦИЈА ДООЕЛ Скопје, продуцент на видео запис ФАБРИКА ПРОДУКЦИЈА ДОО Скопје.

 

11.  СТЕВЧЕ ЌИРОСКИ изведувач на композицијата „ВИНОЖИТО“, автор на музика, текст и аранжман Стевче Ќироски, продуцент на аудио и видео запис АЛЕКСАНДЕР АРП ДООЕЛ Скопје.

 

12.  МАЈА ГРОЗДАНОВСКА ПАНЧЕВА како изведувач на композицијата „НОЌИ БЕЗ КРАЈ“,автор на музика, текст и аранжман Кристијан Габровски, продуцент на аудио запис ЛУНА ПАРК ПРОДУКЦИЈА ДООЕЛ Скопје, продуцент на видео запис ФАБРИКА ПРОДУКЦИЈА ДОО Скопје.

 

13.  АЛЕКСАНДАР РИСТОВСКИ ПРИНЦ како изведувач на композицијата „ДВЕ ГИТАРИ“, автор на музика, текст и аранжман Александар Ристовски Принц, продуцент на аудио и видео запис АЛЕКСАНДЕР АРП ДООЕЛ Скопје.

 

 

Народна музика

           

1.    ЕЛЕНА ВЕЛЕВСКА како изведувач на композицијата „ЦРНО И БЕЛО“, автор на музика, текст и аранжман Горјан Стојановски, продуцент на аудио запис ГЛОБАЛ МЈУЗИК РЕКОРДС продуцент на видео запис ИНТВ АУ ПРОДУКЦИЈА ДООЕЛ Охрид.

 

2.    БЛАГОЈА ГРУЈОВСКИ како изведувач на композицијата „ГОДИНИ“, автор на музика, текст и аранжман Љупчо Чедомирски, продуцент на аудио запис ГЛОБАЛ МЈУЗИК, продуцент на видео запис ЛУНА ПАРК ПРОДУКЦИЈА ДООЕЛ Скопје.

 

 

Категорија „ВРВЕН ИЗВЕДУВАЧ“:

 

Забавна музика

 

1.    ЕЛВИР МЕКИЌ како изведувач на композицијата „МРЗИМ ЉУБАВ“, автор на музика, текст и аранжман Јован Јованов, продуцент на аудио запис ГЛОБАЛ МЈУЗИК РЕКОРДС, продуцент на видео запис ЛУНА ПАРК ПРОДУКЦИЈА.

 

2.    МАРЈАН СТОЈАНОВСКИ како изведувач на композицијата „КОГА СУМ КРАЈ ТЕБЕ“, автор на музика, текст и аранжман Ана Пандевска, продуцент на аудио запис ГЛОБАЛ МЈУЗИК РЕКОРДС, продуцент на видео запис ФАБРИКА ПРОДУКЦИЈА.

 

3.    РИСТО САМАРЏИЕВ како изведувач на композицијата „САМОВИЛАТА ОД НАШЕТО ДЕТСТВО“, автор на музика и текст Ристо Самарџиев, автор на аранжман Кристијан Габровски, продуцент на аудио запис ЛУНА ПАРК ПРОДУКЦИЈА, продуцент на видео запис ФАБРИКА ПРОДУКЦИЈА.

 

4.    ЗОРАН РУДАН како изведувач на композицијата „МОЈА МАКЕДОНИЈО“, автор на музика, текст и аранжман Зоран Рудан, продуцент на аудио и видео запис ЦЕЛОФАН ПРОДУКЦИЈА.

 

5.    ЃОКО ТАНЕСКИ како изведувач на композицијата „КАКО НЕКОГАШ“, автор на музика, текст и аранжман Кристијан Габровски, продуцент на аудио запис ЛУНА ПАРК ПРОДУКЦИЈА, продуцент на видео запис ФАБРИКА ПРОДУКЦИЈА.

 

6.    ВЛАТКО ИЛИЕВСКИ како изведувач на композицијата „ДО КРАЈОТ“, автор на музика, текст и аранжман Кристијан Габровски, продуцент на аудио запис ЛУНА ПАРК ПРОДУКЦИЈА ДООЕЛ Скопје, продуцент на видео запис ФАБРИКА ПРОДУКЦИЈА.

 

7.    ВЛАТКО ИЛИЕВСКИ како изведувач на композицијата „ЈАС СУМ САМ И ТИ СИ САМА“, автор на музика, текст и аранжман Кристијан Габровски, продуцент на аудио запис ЛУНА ПАРК ПРОДУКЦИЈА ДООЕЛ Скопје, продуцент на видео запис ФАБРИКА ПРОДУКЦИЈА.

 

8.    ДРАГАН ВЕЛИЧКОВСКИ- ТАЈЗИ како изведувач на композицијата „СЕ МИ Е СО ТЕБЕ“, автор на музика и аранжман Иван Јованов, автор на текст Драган Величковски, продуцент на аудио запис ГЛОБАЛ МЈУЗИК РЕКОРДС, продуцент на видео запис ЛУНА ПАРК ПРОДУКЦИЈА ДООЕЛ Скопје.

 

9.    ЃОРГИ КРСТЕВСКИ како изведувач на композицијата „ТИ ПОБЕДУВАШ“, автор на музика, текст и аранжман Ѓорги Крстевски, продуцент на аудио запис ИНТЕР МЕДИА ДООЕЛ, продуцент на видео запис АВАРД ФИЛМ И ВИДЕО ДООЕЛ.

 

10.  ЃОРГИ КРСТЕВСКИ како изведувач на композицијата „ЗАБОРАВИ НА СЕ“, автор на музика, текст и аранжман Ѓорги Крстевски, продуцент на аудио запис ИНТЕР МЕДИА ДООЕЛ, продуцент на видео запис АВАРД ФИЛМ И ВИДЕО ДООЕЛ.

 

Народна музика

 

1.    МИШКО КРСТЕВСКИ како изведувач на композицијата „МЕАНИ И ДРУГАРИ“, автор на музика и аранжман Љупчо Чедомирски, продуцент на аудио запис ГЛОБАЛ МЈУЗИК РЕКОРДС, продуцент на видео запис ЛУНА ПАРК ПРОДУКЦИЈА.

 

2.    СУЗАНА СПАСОВСКА како изведувач на композицијата „ТАГУВАМ СО НАСМЕВКА“, автор на музика, текст и аранжман Љупчо Чедомирски, продуцент на аудио запис ГЛОБАЛ МЈУЗИК РЕКОРДС, продуцент на видео запис ЛУНА ПАРК ПРОДУКЦИЈА.

 

 

Категорија „ДЕТСКИ КОМПОЗИЦИИ“:

 

1.    ВЕСНА ВАЛЕНТЕ  како автор на музика и текст на композицијата „РОДЕНДЕН“, автор на аранжманот Златко Попчевски, продуцент на аудио запис ГЛИФАДА ДООЕЛ.

 

2.    ДИМИТАР ДИМИТРОВ како автор на музика и аранжман на композицијата „ДЕНЕС МИ Е РОДЕНДЕН“, автор на текст Татјана Димитрова, продуцент на аудио запис ГЛОБАЛ МЈУЗИК РЕКОРДС, Скопје.

 

3.    ВАНЧО ДИМИТРОВ како автор на музика и аранжман на композицијата „ДИЛЕМА“, автор на текст Татјана Димитрова, продуцент на аудио запис ГЛОБАЛ МЈУЗИК РЕКОРДС, Скопје.

 

4.    ВАНЧО ДИМИТРОВ како автор на музика на композицијата „АФРИКА“, автор на текст Јелисавета Танасковска, автор на аранжман Димитар Димитров, продуцент на аудио запис ГЛОБАЛ МЈУЗИК РЕКОРДС, Скопје.

 

5.    ВАНЧО ДИМИТРОВ како автор на музика на композицијата „ЗДРАВА ХРАНА“, автор на текст Огнен Неделковски, автор на аранжман Димитар Димитров, продуцент на аудио запис ГЛОБАЛ МЈУЗИК РЕКОРДС, Скопје.

 

6.    БОРЧЕ ШАБАНОСКИ како автор на музика, текст и аранжман на композицијата „СОНОТ МОЈ “, продуцент на аудио и видео запис ЛУНА ПАРК ДООЕЛ Скопје.

 

7.     БОРЧЕ ШАБАНОСКИ како автор на музика, текст и аранжман на композицијата „ПРОЛЕТНА ПЕСНА“, продуцент на аудио и видео запис ЛУНА ПАРК ДООЕЛ Скопје.

 

8.     ЗОРАН РУДАН како автор на музика, текст и аранжман на композицијата „МАЛА ПЛАНЕТА“, продуцент на аудио и видео запис ЦЕЛОФАН ПРОДУКЦИЈА.

 

9.     СТЕВЧЕ ГРОЗДАНОВ како автор на музика и аранжман на композицијата „МАСКЕМБАЛ“, автор на текст Драган Таневски, продуцент на аудио и видео запис ЦЕЛОФАН ПРОДУКЦИЈА.

 

 

Категорија „КОМПОЗИЦИИ СО КОИ СЕ АФИРМИРААТ СЕМЕЈНИТЕ  ВРЕДНОСТИ ВО ОПШТЕСТВОТО ИЛИ МНОГУДЕТНИТЕ СЕМЕЈСТВА“:

 

1.    ЃОРГИ КРСТЕВСКИ како изведувач на композицијата „ДОМОТ НИ Е СЕ“, автор на музика, текст и аранжман Ѓорги Крстевски, продуцент на аудио запис ИНТЕРМЕДИЈА ДООЕЛ Скопје, продуцент на видео запис АВАРД ФИЛМ И ВИДЕО ДООЕЛ Скопје.

 

 

Категорија: КОМПОЗИЦИИ СО КОИ СЕ АФИРМИРА ИСТОРИЈАТА НА  МАКЕДОНИЈА

 

1.    СИЛВИ БЕНД како изведувач на композицијата „МАКЕДОНИЈА“, автор на музика и аранжман Влатко Плевнеш, автор на текст Силвана Мучиќ Плевнеш, продуцент на аудио и видео запис СИЛ- ВЛА Скопје.

 

 

Категорија „ЅВЕЗДИ“:

 

1.    АДРИЈАН ИСЛАМИ- ГАЏА (ЕДНА КОМПОЗИЦИЈА)

 

2.    ВИОЛЕТА ТОМОВСКА (ЕДНА КОМПОЗИЦИЈА)

 

3.    ДАРИЈО ПАНКОВСКИ (ДВЕ КОМПОЗИЦИИ)

 

4.    КРИСТИЈАН ГАБРОСКИ (ДВЕ КОМПОЗИЦИИ)

 

Член 2

    Оваа Одлука за избор на изведувачи односно на нови композиции веднаш по донесувањето да се објави на веб страницата на ЈРП Македонска Радиотелевизија Скопје.

 

 

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

 

 

Врз основа на член 3 од Законот за поддршка на домашна музичка продукција, а со цел потикнување на развојот на домашната забавна и народна музика, ЈРП Македонска Радиотелевизија со средства од Буџетот на Република Македонија, а по пат на конкурс, секоја година ќе финансира создавање на 200 нови композиции.

          

           Со Решение број 02-569/5 од 11.04.2014 година, Работоводниот орган на ЈРП МРТ Скопје утврди Листа од која се избираат членови на Комисија за избор по конкурс за создавање на нови композиции, а согласно Законот за поддршка на домашна музичка продукција.

 

 Врз основа на член 16 од Законот за поддршка на домашна музичка продукција, по случаен избор (лотариски систем) се изврши избор од Листата на членови и со Одлука број 02-184/2 од 12.01.2015 година на Работоводниот орган на ЈРП МРТ беше формирана Комисијата за избор по конкурс која ќе учествува во постапка за одлучување по објавениот четврт квартален конкурс од 27.09.20014 година, а согласно Законот за поддршка на домашната музичка продукција.

 

              Комисијата во состав Робертино Саздов (претседател), Сузана Стефановска, Радица Митиќ, Цане Петров и Благоја Здравковски по преслушувањето на композициите и разгледувањето на пријавите со потребните документи,  до Работоводниот орган на ЈРП МРТ достави Извештај со бр. 02-184/3/10 од 28.01.2015 година за избор на изведувачи односно на нови композиции на конкурсот за четвртиот квартал, согласно Законот за поддршка на домашната музичка продукција.

 

Согласно Извештајот број 02-184/3 од 28.01.2015 година, Работоводниот орган на ЈРП МРТ Скопје во законски утврдениот рок согласно член 20 од Законот за поддршка на домашна музичка продукција, одлучи како во диспозитивот на оваа Одлука.

 

                                                                         

 

 

 

 

                                                                                                Работоводен орган на

    ЈРП Македонска радиотелевизија Скопје