Евангелос Венизелос денеска во Атина ќе се сретне со шефот на бугарската дипломатија Крстијан Вигенин

Венизелос и Вигенин ќе разговараат за Македонија

17.10.2013 13:14

Вицепремиерот и министер за надворешни работи на Грција Евангелос Венизелос денеска во Атина ќе се сретне со шефот на бугарската дипломатија Крстијан Вигенин

Вицепремиерот и министер за надворешни работи на Грција Евангелос Венизелос денеска во Атина ќе се сретне со шефот на бугарската дипломатија Крстијан Вигенин, јави дописникот на МИА од Грција.
 
На средбата ќе се разговара за билатералните односи и регионалната соработка, а ќе се коментира и европската перспектива на земјите од Западен Балкан. Ова го соопшти бугарското Министерство за надворешни работи, од што произлегува дека двајцата министри неизбежно ќе разговараат и за Македонија.
 
Грчкиот премиер Андонис Самарас на почетокот од месецов во Вашингтон изјави дека Албанија и Бугарија се на страната на Грција кога станува збор за спорот со уставното име на Македонија.
 
- Верувам дека, ако ги прашање моите колеги од Албанија или Бугарија, и тие веројатно ќе ви одговорат исто, дека непопустливоста лежи во Скопје, а не во Грција, рече тогаш Самарас.
 
Предвидено е Вигенин во Атина да има одвоени средби и со Самарас, претседателот Каролос Папуљас и со претседателот на Парламентот Евангелос Мимаракис.