Соопштение до изведувачите и авторите чии композиции беа прифатени на четвртиот квартален конкурс од 2014 година

06.02.2015 13:41
 
Јавно радиодифузно претпријатие Македонска радиотелевизија - Скопје ги известува изведувачите и авторите чии композиции се прифатени со Одлука за избор на изведувачи, односно нови композиции број 02-184/5 од 04.02.2015 година, да пристапат во просториите на ЈРП МРТ Скопје најдоцна до 16 февруари 2015 година,  со цел потпишување на Договорите.
 
Ги замолуваме изведувачите и авторите со себе да носат важечка лична карта и картичка за трансакциска сметка. 
 
 
Ви благодариме за соработката,
 
Работна група за спроведување на Законот за поддршка на домашната музичка продукција